Кој е овој Меси?

Лионел Меси (36) имаше спектакуларен почеток на кариерата во Интер Мајами.

На години кога повеќето фудбалери се на залезот на кариерата, Меси се чини дека одново се открива како фудбалер откако замина од европскиот фудбал.

Откако постигна одличен слободен удар во своето деби за победа од 2:1 против мексиканскиот Круз Азул во Лига купот, меѓународно натпреварување КОНКАКАФ, тој забележа уште поимпресивна победа во вториот натпревар во истото натпреварување.

Мајами победи против Атланта со 4:1, а Меси ги постигна првите два гола до 22. минута. Потоа го постави четвртиот.

Меси го постигна првиот гол откако одлично го услужи Серхио Бускетс. Преминувајќи преку двете одбранбени линии на противникот, одлично му додаде на истрчаниот Меси, кој изби сам пред голманот. Прво ја погоди стативата со левата страна, а потоа со десната од одбиената топка ја внесе во мрежата.

Remote video URL

Атланта Јунајтед на тој начин ја имаше честа да стане 100-тиот клуб против кој Меси постигна гол на официјални натпревари.

Само 14 минути подоцна Меси поведе и со гол заврши одлична акција кај Роберто Тејлор. Тој играч ги постигна двата преостанати гола на Мајами, Меси го постави вториот.

Куриозитет е што Меси ги постигна двата гола со својата далеку послаба, десна нога. Последен пат со неа двапати постигна гол пред осум години, за Барселона против Леванте. Меси испиша историја и за својот нов клуб, каде има три гола и една асистенција по само два натпревари.

Благодарение на Меси, Интер Мајами, кој има само пет години, првпат на полувреме замина со три гола предност. Исто така, овие 4:0 е највисоката победа на Мајами покрај 5:1 против Синсинати во МЛС.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Фудбал

Жирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во Лигата на шампиони

Read more

Со гол од корнер во 90+ Љуботен го освои женскиот куп против Саса

Read more

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Read more

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Read more
 

Спорт

Жирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во Лигата на шампиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Со гол од корнер во 90+ Љуботен го освои женскиот куп против Саса

Читај повеќе
  • play_arrow

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Читај повеќе

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Читај повеќе
  • play_arrow

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Читај повеќе

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Читај повеќе

Како пензионираниот Азар уште ја полни касата на бившиот клуб?

Читај повеќе

Голем удар за Аѕурите: Ѕаниоло го пропушта ЕУРО

Читај повеќе
  • play_arrow

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Читај повеќе