Кој е „Седокосиот“ кој Путин го предложи за нов шеф на Вагнер?

Рускиот претседател Владимир Путин им предложи на борците на Вагнер платеникот Андреј Трошев да ја преземе командата со групата, барем така сугерираат коментарите на Путин за рускиот дневен весник Kommersant.

Се чини дека Путин создаде поделба меѓу постарите борци и водачот на групата, Евгениј Пригожин. Весникот објави за состанокот што го одржал рускиот претседател пет дена по неуспешниот пуч на групата Вагнер во јуни. На средбата присуствувале Пригожин и неколку десетици високи борци на Вагнер, пишува CNN.

Путин за Kommersant изјави дека Вагнер не постои според руските закони, додавајќи дека руската влада ќе ја одреди правната рамка на организацијата. Според весникот, Путин претставил голем број опции за иднината на платениците на Вагнер, меѓу кои и да го направи лидер „Седокосиот“ (Седой), односно Андреј Трошев, но Пригожин одбил.

Војниците на Вагнер „можеа да се соберат само на едно место и да продолжат да служат. Ништо нема да се смени за нив, тие би биле предводени од личноста која им била вистински командант во тој период“, рече Путин.

Весникот наведува дека се работи за командант „Седокосиот“ кој, според Путин, всушност ги водел на украинскиот фронт во последните 16 месеци.

„Многу од командантите на Вагнер кимнаа потврдно кога го кажав тоа. Но Пригожин, кој седеше напред, не го виде тоа и рече дека неговите луѓе не се согласуваат со тоа решение“, рече Путин.

Кој е Седокосиот?

Андреј Трошев е пензиониран руски полковник и основач и извршен директор на групацијата Вагнер, според документите за санкции објавени од Европската Унија и Франција.

Трошев беше началник на штабот на групата Вагнер за време на нејзината претходна операција во Сирија, се додава. Санкциите на ОК од јуни 2022 година, исто така, го идентификуваат Трошев како извршен директор на приватна воена група која „го репресираше цивилното население во Сирија“.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе