Кој не треба да пие кафе?

За многумина кафето е магичен еликсир кој прави секој ден да започне добро, додека за други може да биде здравствен проблем.

Докажано е дека кафето го намалува ризикот од развој на неколку видови на рак, срцеви заболувања, па дури и може да помогне при слабеење. Но, кај некои луѓе резултатот ќе отсуствува, а може да има негативни последици поради внесот на кофеин.

Кој не треба да пие кафе?

Луѓе кои страдаат од воспалителна болест на цревата

„Кофеинот може да го забрза варењето и исто така да ги зголеми шансите за дијареа, што е еден од главните симптоми на воспалителна болест на цревата“, објаснува нутриционистот Ангел Планелс, додавајќи дека е мудро да избегнувате да пиете кафе ако страдате од IBS.

Ако имате глауком

„Интраокуларниот притисок може да се зголеми кај луѓето кои имаат глауком и кога консумираат кафе, доколку се верува во истражувањето. Експертите затоа советуваат да се намали внесот на кофеин, па дури и да се избегнува, но мислам дека се потребно дополнителни истражувања“, додава Планелс.

Ако ве мачи преактивен мочен меур

„Сите знаеме дека е најдобро да не испиете голема шолја кафе пред долго патување, особено ако нема да имате пристап до тоалет. Внесот на кофеин може само да ја забрза работата на мочниот меур, поради што ќе морате почесто да уринирате“, објаснува Сју Хеикинен, нутриционист. Ако не пиете кафе често, можно е да бидете многу почувствителни на кофеин.

Луѓе кои страдаат од срцеви заболувања

Бидејќи кофеинот од кафето може да предизвика моментален пораст на крвниот притисок и да го забрза отчукувањата на срцето, важно е секој човек кој имал проблеми со срцето во минатото да биде внимателен и да разговара со лекар за тоа колку кафе може да испие, објасни Кели Мекгрејн, нутриционистка.

Бремени жени

Американското гинеколошко здружение советува бремените жени да не пијат повеќе од 2 шолји кафе на ден за да го намалат ризикот од спонтан абортус и предвремено породување. Сепак, една студија објавена минатата година вели дека не постои безбедно количество кафе за бремени жени и дека секоја трудница треба да разговара со својот гинеколог за тоа колку кафе може да испие.

Доилки

„Бидејќи кофеинот е стимуланс и диуретик, можно е мајката што дои да се доведе до дехидратација, па затоа експертите советуваат дека кофеинот треба да се избегнува во оваа фаза исто како во бременоста“, додава Планелс.

Луѓе со нарушувања на спиењето

„Јасно е дека после непроспиената ноќ прво ќе посегнете по шолја кафе, но токму оваа навика може да доведе до маѓепсан круг на несоница и дневен замор. Дури и ако мислите дека попладневното кафе не ви го нарушува сонот, тоа всушност може да го направи. Совет е да го испиете последното кафе 6 часа пред да си легнете“, вели Хеикинен.

Луѓе кои страдаат од анксиозност или напади на паника

„Кофеинот е стимуланс кој може да ја влоши анксиозноста, а ако често патите од тоа, размислете да го намалите внесот на кофеин“, предупредува Мекгрејн.

Ако често имате дијареа

Некои луѓе пијат кафе по будењето за да им работат цревата, но овој ефект не е пожелен кај луѓето кои често имаат дијареа. Можеби најдобриот избор би било кафето без кофеин, иако секоја течност ќе го стимулира варењето“, вели Хеикинен.

Луѓе кои имаат епилепсија

„Иако ова е мала студија, една неодамнешна студија покажа дека консумирањето кафе е поврзано со почести напади, но секако потребни се повеќе студии“, рече Планелс. Ако имате епилепсија, разговарајте со невролог за тоа колку кафе треба да пиете.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Здравје

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Read more

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Read more

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе