Која храна треба да ја одбегнувате ако имате артритис?

Симптомите на артритис може да варираат од благо фрустрирачки до неподносливо болни. За жал, оваа состојба е доста честа појава.

Иако не постои лек за артритис, постојат неколку намирници за кои е откриено дека помагаат во ублажување на болките, отокот и вкочанетоста во зглобовите. Од друга страна, постојат неколку намирници кои треба да се избегнуваат, но и навики од кои треба веднаш да се ослободите.

Одбегнувајте храна со додаден шеќер

Додадениот шеќер не им помага на болните од артритис.

„Една од најлошите навики е јадење храна богата со додадени шеќери, како колачи, зашеќерени пијалоци и слично. Шеќерот предизвикува воспаление во телото, а артритисот се влошува со системско воспаление", изјави диететичарката Џули Аптон за Eat This.

Одбегнувајте премногу солена храна

Иако солта може да биде ефикасен засилувач на вкусот, редовното консумирање храна богата со натриум може да доведе до неколку здравствени проблеми. Ова може да варира од главоболки и надуеност до висок крвен притисок и зголемен ризик од срцеви заболувања.

Меѓутоа, кога станува збор за артритис, солта може да предизвика клетките да ја повлечат водата, што на крајот може да го влоши отокот. Покрај тоа, кортикостероидите, кои најчесто се користат за лекување на ревматоиден артритис, може да предизвикаат телото да задржува повеќе натриум, според Фондацијата за артритис.

Одбегнувајте премногу заситени масти

Истражувањата покажаа дека заситените масти предизвикуваат воспаление во масното ткиво, како и дека можат да ја ослабат 'рскавицата во зглобовите.

„Обидете се да ја ограничите или избегнувате храната богата со заситени масти, кои се првенствено храна од животинско потекло, како што се црвено месо, путер, полномасно сирење и други полномасни млечни производи“, вели Аптон.

Внесувајте повеќе храна од растително потекло

Нема штета од повеќе растителна храна во чинијата - овошје, зеленчук, мешунки, јаткасти плодови и семиња – ова е храна што докажано има антиинфламаторно дејство.

„Овие намирници помагаат во борбата против воспалението бидејќи се богати со антиоксиданси и растителни влакна, кои можат да помогнат во промовирање на здрави цревни бактерии. Истражувањата покажаа дека луѓето со артритис обично имаат ограничен број на цревни бактерии“, забележува диететичарот Ејми Шапиро.

Тагови
реклама

Кога почнува староста?

Read more

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Read more

Здравје

Кога е најдобро да појадувате за здраво срце?

Read more

Што да очекувате кога ќе прекинете да ги земате апчињата за контрацепција?

Read more

Во пржените јајца додадете спанаќ - имунитетска бомба

Read more

Најдобрите замени за месо: Здрави протеини од растително потекло

Read more
 

Магазин

  • filter

Римјаните 16 века пред Французите го измислиле бикинито

Читај повеќе

Кога почнува староста?

Читај повеќе

Кога е најдобро да појадувате за здраво срце?

Читај повеќе

Што да очекувате кога ќе прекинете да ги земате апчињата за контрацепција?

Читај повеќе

Во пржените јајца додадете спанаќ - имунитетска бомба

Читај повеќе
  • play_arrow

Најопасниот предмет во светот: Само 5 минути до него може да бидат фатални

Читај повеќе

Неделен хороскоп до 26 мај според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Дали сексот е подобар наутро или навечер?

Читај повеќе

Најдобрите замени за месо: Здрави протеини од растително потекло

Читај повеќе