Колку долго би можел човек да издржи на Марс без скафандер?

Сведоци сме на вселенска трка во која бројни влади и најбогати луѓе се тркаат кој прв ќе ја колонизира Црвената планета, но дали е возможен човечки живот таму во моментов?

Што му е неопходно на човекот за живот на Марс? Најосновните работи се: вода, храна и кислород. И стотици други работи, како засолниште од опасното зрачење итн., но горенаведеното е токму она основното.

На Земјата, растенијата и некои бактерии произведуваат доволно кислород за живот, иако овој гас не е единствениот во атмосферата што го дишеме. Го има околу 21%, а најмногу има азот: 78%. Азотот има своја функција, но не ни е потребен за дишење и го ослободуваме при секое издишување.

Атмосферата на Марс е многу поскромна од нашата, земјината - дури 100 пати - и претежно е составена од јаглерод диоксид. Дури 96% од атмосферата на Марс е составена од овој гас, додека таму речиси и да нема кислород.

Вака изгледа структурата на атмосферата на Марс:

  • 95,97% јаглерод диоксид
  • 1,93% аргон
  • 1,89% азот
  • 0,146% кислород
  • 0,0557% јаглерод моноксид
  • 0,0210% водена пареа

Ако ве интересира зошто Марс има толку ретка атмосфера - тоа е главно поради тоа што е двојно помал од нашата планета, па неговата гравитација е слаба и затоа не е доволно силна за да ги задржи честичките од гас, кои преку еоните се распрснуваат во меѓупланетарниот простор.

Добро, да се вратиме на дишењето на Црвената планета: ако одеднаш се најдовте некаде на неа без скафандер, ќе почнете да се гушите со првиот здив, бидејќи јаглерод диоксидот е отровен за нашиот организам.

Освен тоа, дури и да има доволно кислород во нејзината атмосфера, нашите земјени бели дробови нема да можат да дишат доволно од воздухот што му е потребен на нашето тело од таква ретка атмосфера, па сето тоа би завршило за една минута, најмногу две. Ете толку би успеале да преживееме на Марс без скафандер.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Наука

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе