Колку пари дава државата за сончеви колектори и ПВЦ-прозорци?

Министерството за економија како и претходните години нема да го скрати буџетот туку напротив ќе го зголеми буџетот за програмата за обновливи извори на енергија како и поттикнување на енергетската ефикасност. Средствата во оваа програма се во вкупен износ од 70 милиони денари.

Министерството за економија годинава првпат ќе дава субвенции до 80.000 денари за вградување фотонапонски електроцентрали во домаќинствата, а ќе продолжи и со субвенциите за ПВЦ прозорци до 20.000 денари по домаќинство и за сончеви колектори до 15.000 денари. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека буџетот за оваа намена година не е скратен, туку напротив, зголемен е и изнесува вкупно 70 милиони денари.

„За надомест на дел од трошоците за купени или вградени  ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата за 2023 година  се предвидени вкупно 25 милиони денари за над 1.200 домаќинства во државата. Со цел да ја подобрат енергетската ефикасност на објектите лицата кои ќе купат или вградат ПВЦ прозорци ќе им обезбедиме поврат на средства до  50 %  од трошокот, но не повеќе од 20 илјади денари по домаќинство. За вградување сончеви термални колекторски системи предвидени се 15 милиони денари за над 1000 домаќинства. Кофинансирањето е до 30 % но не повеќе од 15 илјади денари по домаќинство. Третата мерка е надоместување на трошоци на дел од трошоците за купување и инсталирање на фотонапонски електроцентрали за производство на електрична енергија до 6 киловати, согласно новата одлука која ја донесе Министерството за економија во делот на зголемување на капацитетот на инсталирана можност во секое домаќинство. Тука се предвидени 30 милиони денари и ќе опфати над 400 домаќинства, како мерка што првпат се спроведува во нашата држава. Повратот ќе биде до 30 5 но не повеќе од 80.000 денари“, рече министерот Бектеши.

Дополнително на тоа, министерот Бектеши потсети дека согласно новиот Правилник и останатите законски акти обврска на универзалниот снабдувач на електрична енергија е да го преземе произведениот вишок енергија од домаќинствата, да им ја плати произведената енергија или да им ја надомести на оние кои ќе се одлучат за вакви инвестиции.

За Струмица и Куманово, каде што веќе има мрежа за природен гас, се предвидени субвенции за приклучок на мрежата во висина од 70% од трошокот, но не повеќе од 25.000 денари.

Министерството за економија до крајот н а мај за стопанството ќе ги кофинансира сите инвестиции во обновливи извори на енергија за сопствени потреби или за производниот процес и ќе покрива 20 % од трошокот. Целат на оваа мерка е да се намали потрошувачката на енергија од универзалниот снабдувач кој се снабдува од ЕСМ.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе