Колку пари има Џо Бајден?

Можеби за некои Џо Бајден е обичен човек од средната класа, но новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави е всушност милионер.

Бајден годинава објави информации за неговиот финансиски статус, кои вклучуваат даночни извештаи и на државно и на федерално ниво за 2016, 2017 и 2018 година. Според тие податоци, Forbes процени дека Бајден „тежи“ 9 милиони долари.

Пред да стане потпретседател, тој беше сенатор од 1973 до 2009 година.

Како што напредувал во својата кариера, платата на Бајден се зголемила од 42.500 на 174.000 долари годишно, според архивските податоци на Сенатот. Кога беше избран за потпретседател, тој доби уште едно покачување и започна да заработува околу 230.000 долари годишно.

Откако ја напушти функцијата, заработи многу пари продавајќи книги и држејќи говори.

Во ноември 2009 година, нето вредноста на Бајден изнесувала помалку од 30.000 долари, според CBS, но животот по потпретседателскиот мандат беше прилично профитабилен за првиот човек на Обама. Кога Бајден ги објави финансиските извештаи во јули 2019 година, се виде дека тој и неговата сопруга Џил заработиле повеќе од 15 милиони долари во текот на 2017 и 2018 година.

Поточно, Бајден објави бруто приходи од околу 11 милиони долари за 2017 година и 4,6 милиони долари за 2018 година. Повеќето од тие пари доаѓаат од договори за издавање неколку книги со Flatiron Books, кои се проценуваат на 8 милиони долари, според Publishers Weekly. Двојката Бајден заработи многу пари и држејќи говори на најразлични настани, објави списанието Town and Country.

URL

Associated Press објави дека просечната висина на хонорар за говор во неговата бранша е околу 100.000 долари, а се движи од 40.000 до 190.000 долари. New York Times исто така забележува дека Бајден обавил дополнителни неплатени говорнички ангажмани за тоа време, кои не биле наведени во поднесените документи, повикувајќи се на неговата кампања.

Покрај тоа, финансиските извештаи открија дека поранешниот потпретседател заработил 540.000 долари како професор во Центарот за дипломатија и глобален ангажман на Универзитетот во Пенсилванија.

Поголемиот дел од богатството на двојката Бајден е во недвижнини, но тие исто така имаат и инвестициско портфолио.

Според Forbes, двете куќи на семејството Бајден во Делавер заедно вредат 4 милиони долари. Forbes исто така пишува дека семејството има пари и инвестиции вредни уште 4 милиони долари, како и федерална пензија од еден милион долари.

Претседателската плата на Бајден ќе биде 400.000 долари годишно.

САД, исто така, му плаќаат на својот врховен командант 50.000 американски долари „за да помогнат во покривањето на трошоците што се однесуваат на или се резултат на извршувањето на неговите службени должности“.

Неговата сопруга, Џил Бајден, која е доктор на науки, исто така неодамна сподели дека ќе продолжи да предава на државниот колеџ дури и откако нејзиниот сопруг ќе влезе во Белата куќа. „Важно е“, рече таа, „и сакам луѓето да ги ценат наставниците и да го знаат нивниот придонес, но и да го подигнам нивото на професијата“.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе