Колку пари се потребни за живот во Германија?

Макфакс
/ 22.05.2023 / 13:36

Според критериумите на Европската Унија, сиромаштијата или социјалната изолација некому му се заканува доколку исполни барем еден од трите услови – заработка под прагот на сиромаштија, доколку домаќинството се соочува со тешка материјална или социјална депривација или ако многу малку членови на домаќинството се вработени.

Некои луѓе во Германија се погодени од еден од условите, на пример ниски плати, додека други страдаат од сиромаштија и изолација според сите три критериуми, пренесува магазинот Fenix.

Сиромаштијата, а со тоа и социјалната изолација, лани им се заканувала на една петтина од граѓаните на Германија. Станува збор за околу 17,3 милиони луѓе, или 20,9% од населението, според податоците на Федералното биро за статистика. Слично било и претходната година, кога тој удел бил точно 21%, пренесува DPA.

Статистичарите ги презентираа прелиминарните податоци од Европското истражување за приходите и условите за живеење (EU-SILC).

Во однос на приходите, едно лице се смета за изложено на ризик од сиромаштија ако има помалку од 60% од просечниот приход. Минатата година таа линија изнесувала нето од 1.250 евра месечно за самци.

Имено, околу 12,2 милиони луѓе во Германија или 14,7% живееле во сенка на сиромаштијата, а во 2021 година ги имало 16%.

Минатата година, 5,1 милион луѓе, или 6%, претрпеле тешка материјална или социјална депривација во Германија, што е повеќе од 4,3% во 2021 година. Тие не можат да ја платат киријата или хипотеката, да одат на одмор една недела, да го заменат дотраениот мебел или да одат во ресторан со семејството или пријателите еднаш месечно.

Што се однесува до третиот критериум, во Германија во 2022 година, околу 9,7% од населението на возраст под 65 години, или 6 милиони луѓе, живееле во домаќинство со многу малку вработени. Една година претходно нивното учество во населението било 9,5%.

Сеопфатна споредба во рамките на Европската Унија ќе биде можна кога сите земји-членки ќе ги достават своите податоци. Досега тоа го направиле само половина.

Според нецелосните податоци, најмалку луѓе кои живеат во сиромаштија или социјална изолација има во Финска, 16,3%. На спротивната страна од скалата е Бугарија со 32,2%.

Во 2021 година, со 21%, Германија беше малку под тогашниот просек на ЕУ од 21,7%.

Тагови
реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Read more

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Read more

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Read more
 

Вести

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Читај повеќе
  • play_arrow

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Читај повеќе

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Читај повеќе

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Читај повеќе

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Читај повеќе

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе