Колку парови го „преживуваат“ неверството?

И жените и мажите изневеруваат, но тоа го прават од различни мотиви, за кои може многу да се зборува.

Неодамнешна студија на компанијата Health Testing Centers, чии резултатити беа објавени од BBC, покажаа дека 20% од оженетите мажи и 13% од мажените жени ги изневеруваат своите партнери, а само 16% од паровите преживуваат неверство.

Неверство признале 441 лице, а повеќе од половина од испитаниците (54,5%) раскинале веднаш откако вистината излегла на виделина. Останатите 30% се обиделе да ја спасат врската, но без успех, а само 15,6% од паровите ја преживеале измамата.

Интересно е тоа што статистичките податоци за тоа дали луѓето одлучиле да останат заедно или не, се разликуваат во зависност од статусот на нивната врска.

Скоро една четвртина (23,6%) од брачните парови решиле да се обидат да ги решат работите, наспроти само 13,6% од луѓето кои биле во врска.

Исто така, имаше разлики во однос на полот по прашањето за последиците од изневерувањето - двојно повеќе жени отколку мажи го простиле неверството.

Улога играл и типот на неверство - 19,7% од изневереите простиле секс за една ноќ, додека неверствата што траеле подолго и се претвориле во паралелна врска, ги простиле 12,7% од испитаниците.

Главната причина за признавање на неверството било чувството на вина (кај 47% од неверните партнери), кај 39,8% тоа било начин да му се каже на партнерот дека не се задоволни во врската, а 38,6% од нив сметале дека нивниот партнер има право да знае. Интересно е и тоа што луѓето во брак чекаат подолго за да го признаат неверството.

Меѓу оние кои одбрале да останат во врска или брак, 61% од оние кои изневериле изјавиле дека нивниот партнер воспоставил нови правила во врската, како резултат на неверството. Поголемиот дел од луѓето кои изневериле (55,7%) рекле дека му дозволуваат на својот партнер да им го проверува телефонот.

Другите вообичаени „прописи“ вклучуваат избегнување на одредени пријатели, ограничување на излегувањата без партнерот, дозволување пристап на партнерот до социјалните мрежи, како и пауза на сексуалните односи.

Интересно е што само 30% од измамените испитаници побарале од својот партнер да ја прекине аферата. Кога станува збор за животот по аферата, постојат разлики и во зависност од полот.

Измамените жени ги замолувале мажите да излегуваат помалку и им ускратувале секс, додека измамените мажи побарале од своите жени да им ги проверуваат телефоните и не им дозволувале да се гледаат со одредени пријатели.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе