Колку висока температура може да издржи човечкото тело?

Како што трае топлотниот бран, често знаеме и да се запрашаме до која мера нашето тело може да издржи покачување на температурата.

Топлите летни температури се крајно непријатни и вистинска среќа е што во текот на годината има само ограничен број денови со вакви екстремни температури (иако бројот на такви денови е значително зголемен поради климатските промени).

Од истражувањата на НАСА од 1958 година воспоставена е удобна температурна зона помеѓу 4 и 35 степени Целзиусови, во која, кога влажноста не надминува 50%, луѓето можат да останат на неодредено време. Но, кога е надвор од оваа зона, колку висока температура може да издржи човечкото тело?

И покрај бројните воени истражувања, нема единствен општ и прецизен одговор на ова прашање. Различни луѓе можат да издржат различни температурни екстреми, а тоа зависи од начинот на облекување, физичките активности, протокот на воздух и засолништето од сонце. И пред сѐ, од влажноста на воздухот. При многу висока релативна влажност, човек може да биде загрозен и на 36°C, додека во пустините, каде што воздухот е исклучително сув, луѓето можат да издржат 10 минути на температура од 60°C.

За да се одржи телесната температура на околу 37°C, организмот ослободува вишок топлина при високи температури на воздухот, пред сѐ преку испарување, односно потење. Меѓутоа, ако релативната влажност околу човекот е висока, испарувањето е побавно и тој доживува дека надворешната температура е повисока од онаа измерена со термометри.

Токму од тие причини во временските прогнози се користи таканаречениот индекс на топлина, кој од 1978 година го применуваат американските, како и повеќето европски метеоролошки организации. Таканаречената Humidex скала се користи во Канада од 1965 година, додека денес вашите телефони се потпираат на RealFeal скалата на AccuWeather.

Генерално се верува дека на температура повисока од 54°C, човечкото тело неизбежно го следи топлотниот удар. Оваа форма на хипертермија може да се појави на далеку пониски температури, а може да влијаат и лекови, алкохол, старост, но и други околности. Спортистите кои се натпреваруваат на горештини може да бидат во опасност, а статистиките покажуваат дека чести жртви на топлотен удар се деца заборавени во автомобили без разладување. Топлотниот удар е екстремната страна на термичкиот стрес и води до покачување на телесната температура за само неколку минути, вртоглавица, крварење, колапс на кардиоваскуларниот систем, конвулзии, кома, откажување на мускулите и органите и, во најлош случај, смрт.

Се разбира, со температурите во нашите краишта, колку и да е непријатно, не мора да се грижите сѐ додека седите во проветрена, вештачки изладена просторија, доколку пиете доволно течности и избегнувате директно изложување на сонце во најтоплиот дел од денот.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе