Комисијата за заразни болести предлага нови ковид мерки во тетовско

Министерот за здравство Венко Филипче на утринска координација со членови на Комисијата за заразни болести разговараа за епидемиолошката состојба во Тетово и се договорија до Главниот кризен штаб на Владата да предложат нови мерки за овој регион, за да се спречи рапидното ширење на вирусот SARS-CoV-2.

– Состојбата во Тетово е крајно сериозна и новиот бран е веќе пристигнат, а тоа беше за очекување бидејќи состојбата е слична секаде во регионот. Летните одмори донесоа голема фреквенција на движење и тоа беше очекувано, оттука мора да се вратат одредени мерки на сила за да се спречи поголемо ширење на вирусот, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

МЗ посочува дека анализите кои беа изработени изминативе денови од страна на ИЈЗ укажуваат дека, вирусот пред се се шири кај невакцинираните, при што над 90 отсто од новите случаи се невакцинирани граѓани.

– Од друга страна опфатот со вакцинација е под 20 проценти во Тетово. Како кластери каде најбрзо се шири вирусот се свадби и прослави на затворено кои ги има многу во овој регион, а според информациите на локално ниво воопшто не се почитуваат мерките за превенција, пред се носење маски на затворено, се додава во соопштението.

МЗ наведува дека министер Филипче и членовите на Комисијата предлагаат забрана за оджрување на сите масовни настани на затворено, свадби, прослави, што е клучно да се почитува во следниот период, а граѓаните мора да разберат дека оваа мерка е нужна, потоа исполнетоста на затворениот дел од угостителските објекти да не смее да надминува 30 отсто, а на масите да не смеат да седат повеќе од 4 лица, засилени контроли за спроведување на овие мерки, но и мерките за лична заштита и тоа пред се носење маски на затворено и засилување на теренската вакцинација и комуникацијата на локално ниво со цел зголемување на опфатот, бидејќи е јасно дека само со вакцинација може да спречиме и ширење, и ризици од тешко заболување кај пациентите.

– Од анализата на ИЈЗ за изминатиов период само 11 пациенти досега се воопшто хоспитализирани кои биле целосно вакцинирани, само 167 воопшто се инфицирале од преку 400.000 вакцинирани граѓани, се наведува во соопштението.

реклама

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Уписи на УКИМ – над 10.000 места за бруцоши

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе