Конечна одлука: Асанж нема да биде екстрадиран во САД

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во САД по обвинението дека е шпион, изјави британската судијка Ванеса Бараистер.

Судијката објасни дека тоа би било репресивна мерка поради неговата ментална состојба.

Барајтсер денес изјави дека Асанж најверојатно ќе изврши самоубиство доколку биде екстрадиран во САД, објави Аssociated Press.

Владата на САД соопшти дека ќе ја обжали пресудата.

Новинарски екипи се собраа пред судот, како и луѓе кои го поддржуваат Асанж. За неговите приврзаници, 49-годишниот Асанж стана симбол на борбата за слобода на информирање.

Останува да видиме каков ќе биде односот на идниот американски претседател Џо Бајден кон основачот на Викиликс. Покрената е постапка против Асанж под претседателството на Доналд Трамп. За време на претходникот на Трамп, Барак Обама, кому Бајден му беше потпретседател, американските судови се откажаа од гонење на Асанж.

Сепак, пред 10 години, Бајден го спореди Асанж со „високотехолошки терорист“.

На 11 април 2019 година, основачот на Викиликс беше протеран од еквадорската амбасада во Лондон, каде се засолни во 2012 година, а британската полиција веднаш го уапси.

Соединетите Американски Држави побараа екстрадиција на Асанж, кој се соочува со вкупно 18 точки од обвинението во САД и се соочува со 175 години затвор доколку биде осуден за шпионажа и предавство за објавување тајни државни документи за американските воени и дипломатски активности, особено во Ирак и Авганистан.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе