Конте образложи зошто не потпишува нов договор со Тотенхем

Антонио Конте откри дека воопшто не се брза да потпише продолжување на договорот со клубот од Северен Лондон, но и дека е среќен и задоволен со тимот и дека останувањето ќе се оствари.

Кога во ноември 2021 година Конте дојде во Лондон потпиша договор на 18 месеци со Тотенхем, заклучно до јуни 2023 година.

Лошите резултати на Јувентус сезонава придонесоа да почнат шпекулации дека Максимилијано Алегри ќе добие отказ, а на клупата на торинскиот гигант ќе седне токму Конте. Таквите гласини на италијанскиот стратег не му се допаѓаат иако го нема продолжено договорот со Тотенхем и не ни преговара за такво нешто.

„Кажав и порано, не ми треба нов договор за да бидам сигурен дека ќе останам во клубот. Воедно, и за клубот е добра инвестиција да има тренер како мене и мојот стручен штаб. Мислам дека во вистинското време ќе ја донесам најдобрата одлука. Во моментов сум навистина среќен“, изјави Конте не прес-конференција.

„Не сакам да го напрегам клубот за ова бидејќи не е вистинското време. Само што ја почнавме сезонатга и имаме долго време да коегзистираме заедно и да се разбереме, да продолжиме да работиме заедно“.

„Нема договор, нема никаква опција. Ако клубот и тренерот сакаат да работат заедно, ќе продолжат да работат заедно“, додаде.

„Ако не сакаат да работат заедно, ќе стават крај. Ова не е важно. Најважно за мене е што навистина уживам работејќи со Тотенхем, со овие играчи, особено тоа, а и односите со Даниел (Леви) и Фабио (Паратичи) се добри“, заврши Конте.

Конте освои 3 титули во Серија А со Јувентус, а потоа и 1 со Интер, по чие освојување си замина од Милано, направи мала пауза, па дојде во Тотенхем.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе