Коосновачот на BioNTech: До септември треба да ја ставиме пандемијата под контрола

Професорот по медицина и коосновач на BioNTech, Угур Шахин, предвидува дека новите случаи на коронавирус во Германија „ќе покажат значителен пад кон крајот на мај или почетокот на јуни“, како резултат на вакцинацијата.

Тој исто така смета дека британската мутација на вирусот Б.1.1.7 почнува да се шири во Германија.

Од средината на март, според неговата прогноза, стапката на смртност кај првично вакцинираниот постар дел од популацијата треба да се намали.

– До крајот на летото треба да ја ставиме пандемијата под контрола доколку доволно луѓе се одлучат да се вакцинираат. Ова не значи дека нема да има нови инфекции, но повторно ќе можеме да водиме нормален живот, вели Шахин во интервју за Der Spiegel.

Тој се согласува дека луѓето со текот на времето можеби ќе треба да земат и трета доза на вакцина против коронавирусот.

На прашањето од Der Spiegel дали третата доза ќе биде неопходна најдоцна следната година, Шахин одговори дека вакцинацијата може да се спроведува на секои две години, што е прилагодено на различните варијанти на вирусот.

– Слично на грипот. Тоа е можеби новата нормалност за нас, рече Шахин.

Администрацијата на германскиот претседател објави дека на Угур Шахин и неговата сопруга Озлем Туреџи ќе им биде доделен Големиот крст на заслуги.

Церемонијата ќе се одржи на 19 март во палатата „Белви“ и на неа ќе присуствува претседателот Франк-Валтер Штајнмајер.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more
 

Вести

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе