Кори Фелдман: Мерилин Менсон со децении ме малтретираше

Актерот Кори Фелдман го обвини Мерилин Менсон за „децениско долго ментално и емоционално малтретирање“, како и за непрестајно мешање во неговиот живот.

Некогашната детска филмска ѕвезда тврди дека Менсон бил опседнат со него и го сметал за „идол“, пред да се обиде да манипулира со него како „играчка“. Неговите тврдења доаѓаат откако најмалку 11 жени изнесоа обвинувања за злоупотреба против 52-годишниот пејач, пренесе The Sun.

Кори на Instagram објави заедничка фотографија за која тврди дека била почеток на „ноќниот кошмар“ пред повеќе од 20 години. Кори наведе дека Менсон со него се обидел да манипулира така што му понудил кокаин, иако знаел дека тој веќе 5 години е чист.

„За среќа, таа вечер не бев физички повреден, но тоа беше почеток на моите ноќни кошмари“, наведе Кори во објавата. „Менсон беше опседнат со мене повеќе од две децении. Не ми верувате? Само погледнете ги објавените факти во неговата книга“, тврди тој.

Кори Фелдман претходно детално опишуваше наводно злоставување низ кое минал работејќи како дете актер во тинејџерските филмови во 80-тите години. Има зборувано и за опасен мрачен дел од филмската индустрија, тврдејќи дека постои моќен „холивудски педофилски синџир“ во индустријата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Corey Feldman (@cdogg22)

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе