Користење емотикони во деловната комуникација: Да или не?

Без разлика дали се работи за пријателска насмевка, срце, бакнеж или намигнување, многумина од нас редовно вклучуваат емотикони во пораките.

Сепак, ново истражување тврди дека не треба да има место за емотикони во деловната комуникација доколку сакаме да бидеме сфатени сериозно, пишува The Daily Mail.

Истражувачите од Универзитетот во Тел Авив откриле дека луѓето кои користеле емотикони во нивните мејлови се сметаат за помалку моќни и способни од оние кои користат само зборови.

„Денес сите сме навикнати да комуницираме со визуелни елементи, а социјалните мрежи го прават тоа и едноставно и забавно“, велат истражувачите.

„Нашите наоди, сепак, покажуваат зошто тоа не е добро во некои ситуации, особено во работно или деловно опкружување. Оваа практика може скапо да нè чини бидејќи остава впечаток дека не сме соработници на кои другите може да се потпрат. Наш совет: размислете добро пред да испратите емотикон до луѓето во вашите компании или во кој било друг контекст каде што сакате да се ве доживуваат како моќна фигура.“

Д-р Елинор Амит, коавтор на студијата, рече: „Зошто емотиконите сигнализираат дека личноста е несигурна и помалку моќна? Посебна студија покажува дека помалку моќните луѓе сакаат поголема социјална близина од моќните луѓе“, објасни таа.

„Мора да се забележи дека ваквото сигнализирање обично е ирелевантно во блиските односи, како што е комуникацијата помеѓу членовите на семејството. Меѓутоа, во многу области од нашиот живот, особено на работа, преовладуваат односите на моќ и треба да бидеме свесни за впечатокот што го остава нашата порака на примачите. Нашите наоди го вклучуваат алармот: кога сакате да сигнализирате моќ, размислете двапати пред да испратите емотикон.“

реклама

Живот

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Read more

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

8 совети за родителство што злато вредат

Read more

Кои клучни особини ги наследуваме од родителите?

Read more
 

Магазин

4 најлоши пијалаци што треба да ги исфрлите од исхраната ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Топ 10 машки и женски имиња кои се најпопуларни во Европа

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни езера во светот

Читај повеќе

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Читај повеќе

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Читај повеќе

8 совети за родителство што злато вредат

Читај повеќе

Исфрлете ги веднаш: Намирници што докажано предизвикуваат рак

Читај повеќе

Кои клучни особини ги наследуваме од родителите?

Читај повеќе
  • play_arrow

Две најголеми грешки што ги правиме кога готвиме тиквички

Читај повеќе