Корона-кризата со уште еден удар на уметноста: Фестивалот „Браќа Манаки“ ќе се одржи во еден час

Скопје, 26 август 2020 (МИА) – Поради пандемија со коронавирус, 41. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ годинава нема да се одржи во својата традиционална форма, туку ќе биде одбележан еден ден, на 19 септември, во Битола.

Претседателот на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) Игор Иванов – Изи на денешната прес-конференцијата соопшти дека при носењето на одлуката ги зеле предвид искуствата од европските и светски фестивали, во консулатација со своите членови, по серија состаноци одржани онлајн и следење на состојбата.

– Ова беше тешка одлука. Не беше лесно да ја донесеме. Никој не е среќен со неа. Но, сметаме дека направивме вистинска одлука и дека тоа времето ќе го покаже, рече Иванов – Изи. Посочи дека филмските работници или ДФРМ сметаат дека примарно државата треба да троши пари за продукција на филм и во овие услови поважно е да се снима отколку да се даваат пари за оналјн фестивал.

Директорката на фестивалот Гена Теодосиевска рече дека не била среќна кога ја слушнала одлуката на Управниот одбор и на Собранието на ДФРМ, но додаде оти до крај ќе ја испочитуваат.

Главниот настан ќе се одржи на 19 септември во Битола и ќе трае помалку еден час. Ќе се обрати покровителот на фестивалот, претседателот Стево Пендаровски, градоначалничката на Битола Наташа Петровска, а обраќања ќе имаат и директорката на фестивалот Гена Теодосиевска, претседателот на ДФРМ Игор Иванов – Изи. Со видеопорака ќе се обратат добитникот на највисоката фестивалска награда и новиот претседател на ИМАГО, Острум, а добитникот на „Големата ѕвезда“ на ДФРМ очекуваат да биде присутен на тој настан.

Таа рече дека имаат намера да преговараат со јавниот сервис да прикаже по еден филм од добитниците на високите филмски признанија. Во следните денови и по 19 септември преку интернет платформа ќе организираат две видео работилници со добитниците на наградите и со членовите на ИМАГО, меѓународна асоцијација во која членува ДФРМ и со која соработуваат.

– ДФРМ и јас се согласивме во едно, дека компетитивна селекција на филмови да се прикаже на интернет платформа не доаѓа предвид пред сѐ и над сѐ заради фактот што не е професионално да се оценува креацијата на кинематограферите со следење филм на компјутер, дури и на плазма. За да се оцени визуелната структура на овие филмски уметници на кои им е посветен на овој фестивал потребно е големо платно и еден пријатен киномрак, рече Теодосиевска. Најави дека ќе се обидат да креираат динамична веб-страница на фестивалот и ќе бидат активни на социјалните мрежи, каде ќе споделуваат нови информации.

Режисерот и сценарист Столе Попов е добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ за 2020 година. Иванов-Изи рече дека Столе Попов е големо име на македонскиот филм, човек кој треба да ја добие оваа награда без пардон и без никакви оспорувања за неговото дело. Потсети на дел од неговото творештво, на филмовите „Оган“,„ Австралија, Австралија“, „ДАЕ“.Тој рече дека Попов сними легендарни играни филмови, како „Тетовирање“, „Црвениот коњ“, „Среќна Нова 49“, чии реплики, како што рече, се уште се цитираат низ народот и градскиот живот и станаа еден вид како поговорки, популарни, ги полнеа киносалите. Се осврна и на „Џипси Меџик“ и последниот филм „До балчак“. Потенцира дека Попов има придонес во репортажата, снимил значајни репортажи, има влијание во едукативните процеси, учествувал на многу фестивали…

Добитник на наградата „Златна камера 300“ за животно дело или животен опус е полско-американскиот кинематографер Јануш Зигмунд Камински. На јавноста тој и е познат по тоа што соработува со Стивен Спилберг. Теодосиевска потсети на неговиот живот и дело и посочи дека засега е најмлад добитник на наградата „Златна камера 300“. Тој е двоен оскаровец, а меѓу неговите филмови се „Шиндлеровата листа“, „Спасувањето на војникот Рајан“, „Минхен“, „Линколн“,„Воениот коњ“, „Мостот на шпионите“…

На прес-конференцијата беа прикажани инсерти од филмовите на Столе Попов и Камински.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Култура

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе