Коронавирусот бил присутен во Италија уште во декември

Научниците во Италија пронашле траги од коронавирусот во отпадните води од Милано и Торино, што сугерира дека COVID-19 веќе циркулирал во северна Италија уште во декември, пред Кина да ги објави првите случаи.

Италијанскиот национален институт за здравство (ИСС) испитал 40 примероци од пречистителна станица за отпадни води во северна Италија помеѓу октомври 2019 и февруари 2020 година.

Во анализата објавена доцна синоќа се вели дека примероците земени во Милано и Торино од 18 декември покажале присуство на коронавирусот.

– Ова истражување може да ни помогне да го сфатиме почетокот на циркулирањето на вирусот во Италија, изјави Џузепина Ла Роса, експерт за еколошки отпадни води во Италијанскиот национален институт за здравство, кој учествуваше во истражувањето, се вели во соопштението во кое детално се опишани резултатите од истражувањето.

Помалите студии кои ги работеле научни тимови во Холандија, Франција, Австралија и други земји откриваат знаци дека вирусот што го предизвикува COVID-19 може да се открие во канализацијата, а многу земји почнуваат да користат истражувања на отпадни води за да го следат ширењето на болеста.

Кинеските власти ги потврдија првите случаи на крајот на декември. Првиот случај на Италија беше во средината на февруари.

Француски научници во мај соопштија дека тестовите на примероци покажале дека пациент кој бил лекуван од пневмонија во близина на Париз на 27 декември, всушност имал коронавирус.

Во меѓувреме, студија во Шпанија открила траги од вирусот во отпадни води собрани во средината на јануари во Барселона, околу 40 дена пред да се открие првиот локален случај на заразата.

Ла Роса истакна дека најновите откритија за присуството на вирусот во италијанските отпадни води не значи автоматски дека епидемијата потекнува од Италија.

Тагови
реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе