Косовецот кој ја уби бремената сопруга се самоубил пред полицајци

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља објави дека убиецот на бремената жена М. Х. (35), 31-годишниот Сокол Халили се самоубил денес во присуство на полицијата, откако бил локализиран од органите на прогонот, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според Свечља, наспроти обидите на полцијата да преговара со него, Халили одбил да се предаде и извршил самоубиство.

– По интензивната работа на сите единици, Полицијата на Косово успеа да го локализира местото каде што се наоѓа убиецот Сокол Халили. Наспроти напорите на полициските службеници да преговараат за негово предавање, убиецот изврши самоубиство. Полицијата на Косово и Полицискиот инспекторат на Косово ќе ја продолжат истрага за расветлување на сите околности на убиството на бремената жена и самоубиството на сторителот, напиша Свечља на Facebook.

Халили ја уби својата бремена сопруга, со која биле во процес на развод, завчера во дворот на Гинеколошката клиника во државната болница во Приштина, каде што таа била примена во очекување наредните денови да се породи, со оглед дека била во деветиот месец од бременоста.

Жената, по потекло од село во Витина, југоисточно Косово, била застрелана од сопругот со три куршуми од пиштол, при што не преживеало ниту бебето што го носела.

Убиството предизвика бројни реакции во Косово, а вчера беше одржан и протест пред Владата во Приштина, со барања да се преземаат поефикасни мерки за спречување убиства на жени.

Тагови
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Регион

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе