Ковачевски: Целта е до 2030 година да станеме членка на ЕУ

Скопје, 5 септември 2022 (МИА) – Владата донесе одлука за воспоставување структура за преговори за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ, информира денеска на прес-конференција премиерот Димитар Ковачевски.

Вицепремиерот Бојан Маричиќ ќе биде главниот преговарач, а во тимот ќе учествуваат и домашни експерти, државни службеници и стручни лица надвор од институциите, како странски експерти.

Ковачевски верува дека институциите имаат капацитет за преговори со ЕУ и очекува квалитетна и ефикасна структура што ќе се носи со предизвиците. Најави дека целиот процес ќе биде инклузивен и транспарентен . Тој упати апел за општествен консензус за постигнување напредок кон ЕУ, за вклучување на граѓанскиот сектор, бизнис заедницата, академската заедница, како и повик до опозицијата активно да учествува, да го поддржи и помогне процесот.

– Преговорите треба да се одвиваат со забрзана динамика и што побрзо да се затворат. Завршување на преговорите до 2030 година е целта која си ја поставуваме. Таа е реална и достижна и јас сум силно убеден дека до следното проширување на Унијата ќе биде и Северна Македонија. Ќе работиме посветено за нашата земја да биде еднаква со сите други земји членки, да учествува во креирањето на политиките на ЕУ секако со заштита на нашите државни интереси. Нашата иднина е во ЕУ. За нас ова нема алтернатива и затоа потребно е сите заедно да дадеме поддршка да се вклучиме, да ја искористиме шансата која што е пред нас и со брзи чекори и самоуверено да одиме напред кон полноправно членство во ЕУ, истакна Ковачевски.

Повтори дека верува во капацитетот на институциите и нивната подготвеност да дадат максимум во овој процес.

– Особено сум горд што дојдовме до моментот кога почнуваме да зборуваме за техничките елементи врзани со преговорите со ЕУ. На 19 јули кога ги отпочнавме преговорите свртевме нова страница во македонската историја. Покажавме дека знаеме да се однесуваме државнички и храбро, да носиме државнички одлуки бидејќи така се трасира патот за понатамошен развој и на економски и на општествен план. Со одржувањето на првата меѓувладина конференција направивме историски исчекор во стратешка смисла. Ја повторивме нашата заложба за полноправно членство во Унијата и со тоа ги потврдивме европските вредности за коишто се залагаме. Преговорите официјално започнаа, а со тоа се наметна потребата што поскоро да се направи концепт за преговарачката структура согласно новата методологија за водење на преговорите за пристапување во ЕУ, рече премиерот Ковачевски на заедничката прес-конференција во Владата со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе