Ковачевски: Идеалите на визионерот Гоце Делчев се аманет и патоказ за единство, разбирање и напредок

Со високи државни почести, мирно и достоинствено, како што доликува на големиот светски визионер и инспиратор на македонското револуционерно дело и државноста, Гоце Делчев, денеска оддадовме почит пред неговото вечно почивалиште, во чест на неговото раѓање пред 151 година на денешниот датум, 4 февруари, објави на својот Facebook профил премиерот Димитар Ковачевски, кој ја предводеше владината делегација на одбележувањето на денот на раѓањето на великанот Делчев во црквата Свети Спас во Скопје.

- Идеалите на големиот визионер Гоце Делчев, кој пред повеќе од еден век го разбрал светот како поле за културен напредок меѓу народите, се разбран аманет и патоказ за политиките на Владата на Република Северна Македонија, поставени на дијалогот и на почитувањето, како врвни културолошки и цивилизациски придобивки. Пораките на Делчев за единство и сплотеност, кога станува збор за националните интереси и за државните стратешки цели се подеднакво актуелни и денес. И се света обврска за секого, додека ја градиме Република Северна Македонија во едно општество за сите граѓани и ја интегрираме, по најголемиот безбедносен сојуз, НАТО, што е веќе реалност и како полноправна и рамноправна членка на Европската Унија, во семејството на европски народи и држави, наведува Ковачевски во објавата.

Како што соопштија од владината прес-служба, владината делегација, предводена од премиертот Ковачевски, во чиј состав беа и првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и министрите за одбрана Славјанка Петровска, за внатрешни работи, Оливер Спасовски и за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, положи цвеќе и оддаде почит на истакнатиот револуционер Гоце Делчев, за неговиот водечки придонес во борбата за слобода и за македонската државност.

Настанот во чест на раѓањето на знаменосецот на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев, започна со високи државни почести и со македонската химна во изведба на првенката на Националната опера и балет, Весна Гиновска-Илковска.

Потоа следуваше положувањето цвеќе и оддавањето почит кон големиот револуционер, Гоце Делчев, од претставници на државниот врв и од делегациите кои денеска присуствуваа на одбележувањето на денот на неговото раѓање, меѓу кои и шефот на државата Стево Пендаровски, потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски и пратеници од владејачкото мнозинство и од опозицијата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, претставници од Генералштабот и на Министерството за одбрана. Меѓу делегациите кои положија цвеќе и оддадоа почит на великанот Гоце Делчев, беа и претставници од Сојузот на борци од НОАВМ, потпретседателите Наум Буревски, Елена Јованова-Грујовска и Јоцко Димитриевски и делегации на политички партии.

Владината делегација присуствуваше и на богослужбата посветена на големиот револуционер, Гоце Делчев, со која што чиночествуваше поглаварот на Македонската православна црвка – Охридска архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан, во сослужение на свештенството.
 
Чествувањето на 151-годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев, на утринското официјално одбележување во црквата Свети Спас во Скопје помина во мирна и достоинствена атмосфера и во духот на пораките на великанот на македонското револуционерно дело, Гоце Делчев, се наведува во соопштението од владината Прес-служба.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Read more

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Read more

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Рускоска

Read more
 

Вести

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе