Ковачевски: Младите не се иселуваат во Кина и Русија туку во ЕУ, има цели улици Македонци во Полска и Словачка

За очекувањата од Советот на министри во Брисел за натамошните чекори во преговорачкиот процес на земјата, но и за масовното селење на младите луѓе во државата, говореше премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања.

Премиерот изјави дека очекува во Брисел да биде признаено тоа што државата го направи во делот на скринингот, но сепак, од уставните измени зависи отворањето на поглавјата и членството во Унијата.

Тој рече дека Северна Македонија веќе има над 50% усогласеност со законодавството на ЕУ. На Албанија, за која исто се очекува одлука од Советот на министрите, Ковачевски ѝ посака среќа.

„Ме прашавте за Албанија, Албанија има своја преговарачка рамка, а истотака го помина скринингот. Почнавме заедно со првата владина конференција на исти ден. Им посакувам успех, но се надевам Северна Македонија нема да ја направи грешката што ја направи во минатото, 17 години да чекаме на датум за преговори и 11 години да не се помрднеме од место. На крај, од земја лидер да останеме повторно да чекаме заради неодлучноста или политичките калкулации на еден човек или една политичка партија“, рече Ковачевски.

Прашан како да се спречи селењето на младите луѓе од државата, Ковачевски решението го гледа во членството во Европската Унија. Тој наброја повеќе држави, меѓу кои и Бугарија и Романија кои имале далеку понизок стандард од Македонија пред членството во ЕУ, но потоа работите се промениле.

„По распадот на Југославија, цела декада ние имавме подобар стандард, и не можеше да се замисли граѓанин на Македонија да оди да работи во Полска, Словачка, Унгарија или било која земја од тогашниот екс советски лагер. Денес наши граѓани работат во овие земји. Имате цели улици на кои живеат македонски граѓани. Тоа е така затоа што влегоа во ЕУ. Тоа е единствената предност. Со влезот го дуплираа БДП-то и своите плати. Двојно се намали невработеноста. Големи компании отвораат дирекции. Нудење на алтернатива, во која некој ќе каже дека може да има економски модел во кој растот ќе биде поголем од ЕУ, е залажување. Зошто не одат во Кина, во Русија да работат? Туку одат во земји членки на ЕУ или во САД“, рече Ковачевски.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more
 

Вести

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе