Ковачевски: Народите тука секогаш заедно ги добивале битките како што и заедно ја добиле битката против фашизмот

За да осигураме иднина за генерациите после нашата, сите денес мора да покажеме дека сме извлекле поуки од минатото, а тоа ќе го направиме само ако застанеме одлучно против екстремни националистички и полулистички идеологии кои водат кон фанатизам. Индиферентноста кон екстремизмот е соучесништво, порача премиерот Димитар Ковачевски на комеморативниот настан во Националната опера и балет во рамки на обележувањето на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи.

– Никогаш повеќе антисемитизам, расизам и ксенофобија. Никогаш повеќе фашизам. Оваа јасна и категорична порака ја упатувам вечерва со мирна совест бидејќи нашата историја исто како и сегашноста докажуваат дека сме секогаш на вистинската страна на историјата - демократи за кои никој не е и не може да биде помалку важен. И затоа имаме и морално право, но и вредности за да се спротиставиме на сите различни форми на говор на омраза и нетолерација, рече Ковачевски.

Светот, посочи, има потреба од гласност на секој од нас како народи, како држави, како луѓе што поддржуваме, а што не поддржуваме. Тоа, вели Ковачевски, определува во каков свет ќе живееме понатаму.

– Холокаустот не почнал со концентрационите логори, почнал со антисемитизам и со ширење говор на омраза по улиците. Ние кои се сеќаваме, сме должни да работиме активно и да оставиме поука за помладите од нас за никогаш повеќе да не се повтори, да не биде прекинат со ужасно зло ниту еден детски сон, никој насила да не биде ограбен и избркан од својот дом како на 11 март 1943 година кога започнала депортацијата на македонските Евреи од Битола, Штип и Скопје, рече Ковачевски, додавајќи дека 7.144 деца, жени, мажи биле насилно собрани во скопски Монопол за да бидат депортирани во логорот на смртта Треблинка.

– Народите тука секогаш заедно ги добивале битките како што и заедно ја добиле битката против фашизмот. Меѓу нив имало и Македонци, и Албанци, и Турци, и Срби, и Власи, и Роми, и Бошњаци, и сите други. Евреите потоа учествуваат и во создавањето на оваа држава. Евреите се и денес составен дел од мозаикот на етнички, верски, јазични и културни различности во Република Северна Македонија и државата заедно ја градиме во еднакво општество за сите. Заедно обезбедивме евроатланска иднина на Република Северна Македонија, заедно одиме и по стратешкиот европски пат и заедно ќе обезбедиме европска иднина, потенцира Ковачевски.

Посочи дека како функционална, мултиетничка демократија, нашата држава покажала пример во регионот, а и во Европа и светот, што значи да се почитуваат, охрабруваат, бранат и негуваат различностите.

– А ние веруваме дека овие политики на пријателство и разбирање придонесуваат и ќе придонесуваат и во регионалниот и во европскиот безбедносен контекст. Покажавме на дело дека различностите по било која основа не се пречка, туку предност. Со мудри и одговорни политики, Република Северна Македонија ќе стане членка на Европската Унија, процес за кој знам дека ја имаме и поддршката на македонските Евреи, нагласи Ковачевски.

Посочи дека цивилизациска одговорност на генерациите на денешницата е да градиме свет еднаков за сите и дека сите оние кои во сржта го имаат антифашизмот, демократијата и прифаќањето на различностите мора да останат обединети и на вистинската страна на историјата.

Remote video URL
реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Read more

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Read more

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Рускоска

Read more
 

Вести

Скопјанец физички нападнал жена, па бил агресивен кон полицајците

Читај повеќе

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе