Ковачевски: Преземени се сите чекори за набавка на трикафта, нема да чекам бирократски процедури

Немам намера да чекам низ бирократските лавиринти за да се преземе нешто, туку уште утрово се преземени конкретни чекори и решив веднаш да се одвојат финансиски средства од Фондот за здравствено осигурување за најкритичните болни од цистична фиброза, информира премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на компанијата „Варус Бионика Фармасутикалс“.

Утрово, како што додаде Ковачевски, Управниот одбор на ФЗО донесе одлука да се обезбедат сите средства за сите критични пациенти, согласно барањата на Детската клиника.

– Очекувам лекот да биде достапен исклучително брзо бидејќи и Агенцијата за лекови и МАЛМЕД имаат задача веднаш да го регистрираат. Бирото за јавни набавки има задача да ги обезбеди сите потребни документи за интервентен увоз на овој лек, бидејќи го произведува еден производител. Не може да чекаат на бесконечни тендери кога се работи за лек кој го произведува еден производител. Јас лично ќе се заложам ова да се спроведе, бидејќи нема време за чекање, нагласи Ковачевски.

Премиерот, како што информира, утрово разговарал и со министерот за здравство Беким Сали и му пренел дека за него ваквата ситуација со лекот за цистична фиброза е апсолутно неприфатлива.

– Разговарав и со директорот на Фондот за здравство и со министерот за финансии, тоа беа нивните први денешни разговори што ги имаа. Ќе ги замолам, посебно министерот за здравство, да размисли и да ми каже дали може да го продолжи својот мандат. Јас мојата одлука за кадровските прашања ќе ја донесам после тоа, рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека по прес-конференцијата ќе има состанок со претставници на Асоцијацијата за цистична фиброза на која ќе ги образложи точните мерки што ќе се преземат на негово лично инсистирање со што најкритичните пациенти ќе бидат веднаш згрижени, а за сите останати во најбрз можен рок ќе следи системско решение со цел веќе да не мора да се грижат дали лекот ќе го има во клиниките каде се лекуваат.

– Во меѓувреме, правните и експертските тимови пак ќе седнат заедно денес за да го средат и нема да станат додека не го средат делот со менувањето на законите. Откако ќе го смениме законот, верувам дека ќе имаме долгорочно решение за ова прашање и ќе им го обезбедиме лекот трикафта и на останатите пациенти, по разумна цена, рече Ковачевски.

Ковачевски истакна дека нема намера да умре и друг пациент, поради „невозможната бирократија“.

– Најтажно од сè е што смртта на Благојче е прерана и можевме да направиме повеќе за да му го продолжиме животот. Иако од информациите кои ги имав, бидејќи се слушнав со директорите на соодветните две клиники кои се врвни експерти, дознав дека има пациенти кои се во навистина тешка состојба за кои можеби лекот трикафта веројатно нема целосно да им помогне, но сепак тоа никако не може да го тргне чувството на тага, но и на гнев дека можеби имало и најмала шанса да направиме нешто повеќе. Но, зошто не направивме, е прашањето. Најотворено, тоа е поради истите причини од кои нашата земја пати веќе 30 години, комплицирана и неверојатна бирократија, но бирократија не се некои луѓе од друга планета, туку сме сите ние и редно време е да се соочиме со тоа. Така функционира нашата држава или поточно така нефункционира нашата држава, изјави Ковачевски.

Запрашан „кога очекува оставка од министерот за здравство Беким Сали“, Ковачевски побара „да не му се ставаат зборови в уста“, додавајќи дека за кадровски прашања ќе се одлучува наредните денови.

реклама

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе