Ковачевски: Состанок со превозниците ќе има, ги чекаме податоците од УЈП

Состанок со приватните превозници ќе има, но откако ќе ги добиеме податоците од Управата за јавни приходи за параметрите за кои имаше јавна дискусија меѓу превозниците, ЈСП и Град Скопје, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

По прес-конференцијата во Владата, Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања посочи дека ова не значи оти Владата влегува во какво било преземање на надлежностите на Град Скопје.

– Ги очекувам податоците од Управата за јавни приходи бидејќи кажав дека дискусијата со превозниците мора да се базира на факти. Кога ќе ги добиеме податоците за параметрите за кои имаше јавна дискусија меѓу ЈСП, приватните превозници и Градот Скопје, тогаш ќе можеме да организираме еден таков состанок на кој ќе може одблиску да се запознаеме со проблемот, меѓутоа тоа не значи дека како Влада влегуваме во било какво преземање на наделжностите на Градот Скопје бидејќи, како што можам да се информирам од медиумите, градот Скопје веќе има отпочнато постапка за доорганизирање на системот на јавен превоз. Меѓутоа тоа се информации само на ниво на медиумски информации со оглед на тоа дека немаме координација со Градот Скопје, рече Ковачевски.

Повтори дека Владата работи на изнаоѓање на модел со којшто ќе се обезбеди финансирање и поддршка за реализација на најкрупните инфраструктурни проекти во Скопје кои, како што рече, не смеат да запрат бидејќи се работи за мостови, булеварски решенија…

– Во рамки на своите можности, Владата ќе мора тоа да го направи, рече Ковачевски.

Прашан дали се подготвува нов закон за игри на среќа, Ковачевски рече дека таков предлог не е разгледан на владина седница. 

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Read more

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more
 

Вести

Италија: Лани лично го предупредивме Зеленски, контраофанзивата беше грешка

Читај повеќе

Цените на нафтата се задржаа над 83 долари

Читај повеќе

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе