Ковачевски тврди дека Владата го штити стандардот на граѓаните: Имаме најниско ДДВ во Европа

Имаме држава со најниска стапка на ДДВ од 18%, и најширока листа на производи за секојдневна употреба кои се на повластена стапка од 5%. Вака премиерот Димитар Ковачевски ја правда одлуката за покачувањето на ДДВ-то за луксузни производи, меѓу кои се најдоа и цвеклото, лутеницата, чаевите.

Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања денес рече дека ДДВ-то во нашата држава е најниско во споредба со земјите од регионот и во споредба со сите држави во Европската Унија.

„Ние имаме 18% основна стапка на ДДВ, Србија има 20%, Грција 21%, Хрватска 25%, Албанија 20%, што значи дека сите имаат повисока основна даночна стапка од нашата“, рече Ковачевски кој денес присуствуваше на настанот „Вкуси ја традицијата – Втор национален саем за храна и пијалаци“.

Премиерот додаде дека ако се погледне листата на повластени производи со 5% данок, тука спаѓаат 1.600 такви производи кои имаат гарантирани цени и се произведуваат во нашата држава.

Листата е направена на начин што го штити стандардот на граѓаните, рече Ковачевски и заклучи дека Владата не дозволила зголемување на цената на струјата, парното греење, ниту пак, енормно зголемување на цената на прехранбените производи.

Ковачевски изрази уверување дека на крајот ќе се дојде до она што било проектирано, а тоа е 5% инфлација којашто ќе биде на ниво на едно од пониските во регионот и во Европа.

Прашан дали ќе има ревидирање на листата, Ковачевски рече дека ако постојат производи, односно ако има две-три такви кои претставуваат количина и се користат на секојдневна основа можат да се разгледаат. Сепак, уверува премиерот, листата е детално прегледана во инклузивен процес и сите производи што се повластена стапка од 5% се оние кои во најголем дел се користат од нашите граѓани во нивната секојдневна употреба, а тука не се само производи во прехранбената индустрија.

Со новата владина одлука што вчера стапи во сила, се зголемува ДДВ на повеќе производи, меѓу кои се замрзнатите теста, лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, дел од тестенините, храната за децата, овесните снегулки, сладоледот, чипсот, чаевите, тропското овошје.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи вчера не кажа зошто ајварот останува со 5%, а лутеницата со 10%. Тој не сакаше да навлезе во дефиницијата што е луксуз. Рече дека може да е пропуст и дека за десетина производи нема проблем да се направи измена.

За чипсот, гумите за џвакање, сладоледот, тој рече оти спаѓаат во категоријата нездрави производи затоа што имаат повисока шеќерна вредност и не смета дека е основен прехранбен производ.

За цвеклото како здрава храна и е со 10%, Битиќи додаде дека ќе се ревидира. Тој објасни дека ако има некакви пропусти, на следната седница на Владата ќе бидат решени.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Read more

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Read more

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Рускоска

Read more
 

Вести

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Рускоска

Читај повеќе