Ковачевски за дојавите за бомби: И јас сум родител, но мора да верувате дека работиме на решавање на проблемот

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека денеска ќе има средба со министрите за внатрешни работи и за образование и наука за да се разгледаат дополнителни мерки за справување со лажните дојави за поставени бомби во училиштата и рече дека се уште не сме ја загубиле оваа сајбер-војна.

 -Ние како систем не сме ја загубиле оваа сајбер-војна и нема да ја загубиме. Оваа сајбер-војна и овие хибридни напади се дел од војната што се води во Украина и тоа веќе на сите ни е јасно, бидејќи не се случува само кај нас, туку и кај голем број држави членки на НАТО. Министерот за внатрешни работи вчера сподели одредени информации за менување одредени протоколи што ги спроведува МВР. Денеска ќе имаме состанок со раководствата на министерствата за внатрешни работи и за образование, на кој ќе разговараме во однос на носење дополнителни мерки и за целосно неутрализирање на овој проблем со кој се соочува Северна Македонија, но и други држави, со цел да овозможиме редовна и непречена настава за учениците, изјави Ковачевски по посетата на градинка во изградба во населба Пролет, Општина Центар.

Премиерот Димитар Ковачевски соопшти дека денеска ќе има средба со министрите за внатрешни работи и за образование и наука за да се разгледаат дополнителни мерки за справување со лажните доја

Единствена цел на овие хибридни напади, како што рече, е внесување немир во земја членка на НАТО и додаде дека обврска на МВР е да ја гарантира и да ја обезбеди безбедноста на граѓаните.

-Согласно со процедурите, прописите и протоколите за борба против тероризам, бидејќи се работи за дојави за бомби, тие мора да спроведуваат процедури пропишани согласно закон, како и во сите други држави. За да се спречи напуштање на училиштата, МВР и МОН секојдневно работат со цел да се изнајде начин како да се спроведат процедури кои ќе обезбедат сигурност дека се работи за лажна дојава на бомба, а децата да можат да посетуваат настава. И јас сум родител и се соочувам со истите проблеми во однос на школувањето на децата. Не е нешто за што не знам што се случува, меѓутоа мора да верувате дека и МВР и МОН работат на решавање на овој проблем, рече премиерот.

Во врска со учебниците, одговори дека имало доцнење, но се испорачани, а повлечени се учебници неквалитетно напишани и неквалитетно рецензирани.

-МОН веднаш пристапи кон повлекување на тие учебници, нивна корекција, а за да се коригира учебник повторно мора да се помине процедурата – авторот да направи промена, рецензија, комисија... Тој процес е во тек и сметам дека идната учебна година ќе биде во најдобар ред. Ги повикувам сите професори, академски граѓани, кои се дел од пишувањето книги, да се пријавуваат во поголем број за пишување книги за основно и средно образование, бидејќи и бројот и квалитетот на пишувачи на книги, на експерти, исто така го подобрува и забрзува процесот на пишување, одобрување и издавање на книгите, додаде Ковачевски.

Премиерот Димитар Ковачевски и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во посета на објектот на детската градинка „Пролет"

Премиерот Димитар Ковачевски и градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во посета на објектот на детската градинка „Пролет"

Posted by MИА.mk on Friday, March 3, 2023
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Read more

Македонија

Силјановска Давкова не рече „Северна“ пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Read more

Променливо време со температури до 26°C

Read more

Денес свечено примопредавање на претседателската функција

Read more

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова не рече „Северна“ пред пратениците: Ќе бидам претседателка и на левите, и на десните

Читај повеќе

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Читај повеќе

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Читај повеќе

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Читај повеќе

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Читај повеќе

Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање

Читај повеќе

Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка

Читај повеќе

Маж од Чаир физички ја нападнал вонбрачната партнерка

Читај повеќе

Променливо време со температури до 26°C

Читај повеќе