КОВИД биланс: Нови 1.182 случаи регистрирани вчера, апел да се почитуваат сите мерки за заштита

Скопје, 22 ноември 2020 (МИА) – Бројките на позитивни на коронавирусот и на оние кои им е потребно болнично лекување и натаму остануваат високи. За подобро справување со ситуацијата и користење на сите ресурси на државата, па и приватните здравствени установи, Владата прогласи кризна состојба, а ЦУК веќе усвои Акциски план со 17 точки. И натаму остануваат апелите на надлежните, но и на здравствените работници кои се на првата линија во борба против пандемијата за почитување на сите мерки.

-Кризната состојба на целата територија на Северна Македонија во траење од 30 дена, што на предлог на Советот за безбедност ја прогласи Владата, и овозможи на Армијата да дава поддршка на полицијата и на здравствените установи, напиша вчера на Facebook претседателот Стево Пендаровски.

Претседателот додаде дека според Законот за менаџирање со кризи, Армијата ќе ѝ помага на полицијата во обезбедување на стратешки објекти, болници, како и во обезбедување на магацини со лекови и со друга заштитна медицинска опрема.

-Сметам дека ваквата помош и поддршка е повеќе од потребна за здравствените власти и полицијата, коишто веќе деветти месец деноноќно се борат се пандемијата на #КОВИД19 и се крајно исцрпени, пишува Пендаровски на Facebook.

Синоќа на состанокот на главниот кризен штаб во Центарот за управување со кризи беше донесен Акциски план кој содржи 17 точки.

-Ние ќе работиме можеби споредна улога во ситуацијава, која ќе биде многу значајна за јавноста и на јакнење на јавната свест за граѓаните да сфатат дека се работи за една опасна болест со тоа што ќе бидат вклучени и претставници од невладиниот сектор, кои ќе бидат определени од Советот на Владата за соработка со невладини организации, вели Стојанче Ангелов.

Тој додава дека Армијата ќе и асистира на МВР, но и ќе им помага и на здравствените установи онаму каде што е најпотребна. Во овој случај, појаснува, кога е прогласена кризна состојба Армијата има право да презема одредени дејствија во делот на обезбедувањето.

-Акцискиот план треба да се разгледа од страна на Управувачкиот комитет пред да стапи на сила, вели Ангелов.

Во видео обраќање, докторите Милена Стевановиќ, Дејан Докиќ, Калина Гривчева-Старделова, Илир Демири, Ирена Рамбабова Бушљетиќ, Димитар Каркински и медицинскиот техничар Сабри Азири порачуваат да бидеме нивна поддршка. Тие апелираат да ги почитуваме мерките за да може да им помогнеме и на нив, кои изминативе девет месеци се во првите борбени редови.

-Ангажирани сме цело време со сета наша желба да дадеме најдобро што можеме. Одамна престанавме да пресметуваме работно време. И ние имаме семејства, имаме деца, имаме постари родители. И ние не сакаме да ја однесеме болеста дома, ниту пак да се разболиме. Се трудиме и ќе настојуваме ниту еден пациент да не остане без потребната медицинска заштита за третман во болнички услови. Ова ќе трае и само сплотени можеме да дадеме придонес, за да можеме да им помогнеме на нашите пациенти. Ве молиме! Придржувајте се до препораките, носете ги маските, одржувајте ја дистанцата. Само така ќе излеземе победници во оваа битка, порачуваат докторите.

Од Министерството за здравство апелираат за почитување на мерките – носењето на заштитна маска, одржувањето на физичка дистанца, негрупирањето, како и честото миење на рацете, кои, како што велат, се клучните мерки во справувањето со COVID-19 кризата.

-Капацитетите на болниците се веќе преполнети, а динамиката на излекување и прием на нови пациенти е се потешко одржлива. Целиот медицински персонал е преморен, но тие не се откажуваат во грижата за нашите пациенти. Да бидеме одговорни и да се грижиме за сопственото здравје и здравјето за нашите најблиски, посочија од Министерството за здравство.

Нови 1.182 случаи позитивни на коронавирусот беа регистрирани вчера за изминатите 24 часа од направени 3.109 тестирања. Во истиот период се регистрирани и 707 оздравени пациенти, како и 25 починати лица. Од Министерството за здравство информираа дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.292 и има околу 120 празни болнички кревети во ковид центрите, напоменувајќи дека бројката е променлива поради нови примени и исписи на оздравени пациенти.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе