Ковид варијантата Ерис незапирливо се шири, доаѓаат нови вакцини

Некои лекари советуваат дека новата подобрена верзија на вакцината против новиот сој би била погодна за сите, вклучително и за деца на возраст над 6 години.

Следниот месец треба да се појави нова вакцина против COVID-19, но здравствените експерти и аналитичари велат дека најверојатно ќе наиде на ладен прием, иако варијантата на вирусот, ерис, брзо се шири.

Како што пишува Reuters, побарувачката за вакцина драстично опадна од 2021 година, кога за прв пат стана достапна и кога повеќе од 240 милиони луѓе во САД, или 73 отсто од населението, примија најмалку една доза од вакцината.

Здравствените центри и некои аптеки ќе почнат да ја нудат вакцината следниот месец, која е надградена за да се бори против „омикрон“ верзијата на вирусот што е доминантна од минатата година.

„Тие ќе се борат против намалената загриженост за вирусот, заситеноста и скептицизмот за придобивките од оваа вакцина“, рече директорот на фондацијата Kaiser, Ешли Кирзингер.

Новата варијанта на коронавирусот, ерис, поради која Светската здравствена организација вчера упати препорака до сите земји да внимаваат на епидемиолошката состојба, е регистрирана во 51 земја, меѓу кои и Грција, каде моментално летуваат голем број македфонски државјани.

СЗО предупредува дека тоа ерис е означена како EG.5 и има потенцијал лесно да се пренесе, да предизвика потешки форми на болеста и да го заобиколи имунолошкиот систем стекнат преку претходно прележан ковид или вакцинација.

Експертите велат дека симптомите на ерис се висока температура, главоболка, постојана кашлица, промени во сетилото за вкус и мирис, замор, течење на носот и болки во грлото. Практично, како што истакнуваат, симптомите се исти како кај повеќето варијанти на COVID-19.

Лекарите велат дека сè повеќе пациенти бележат покачени температури поради стомачни вируси, инфекции поради лошо миење на овошјето и зеленчукот, алергиски компликации, а повремено и поради ковид.

Според Reuters, иако некои лекари инсистираат на тоа дека годишните вакцини треба да бидат насочени кон постарите лица и други лица со висок ризик, има лекари кои советуваат дека новата подобрена верзија на вакцината против новиот сој би била погодна за сите, вклучително и за децата над на возраст од 6 години.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе