Крај на една ера: LG го прекина производството на смартфони

Јужнокорејскиот електронски гигант LG Electronics соопшти дека нема повеќе да произведува и продава смартфони поради големите загуби со кои се соочи последниве години.

За ваквиот потег се шпекулираше веќе некое време, а компанијата денеска преку бордот на директори и официјално ја потврди стратешката одлука да се запре масовното производство.

Технолошкиот гигант од Јужна Кореја, кој едно време беше трет најголем производител на мобилни на светот, очекува до крајот на јули во целост да го запре производството. Но, некои од неговите телефони би можеле да останат достапни за продажба додека не се потрошат залихите. Од LG уверуваат и дека ќе продолжат да даваат поддршка за постоечките модели во одреден период, во зависност од локациите.

„LG има во план да се фокусира на полињата кои земаат замав како што се делови за електрични автомобили, направи за поврзување, паметни домови, роботика, вештачка интелигенција и бизнис-ту-бизнис решенијата, како и платформи и услуги“, објави компанијата во соопштение. Воедно, ќе продолжи да развива и технологија поврзана со мобилни, како на пример 6G.

Јужнокорејскиот бренд за мобилни се соочи со вртоглави загуби во изминативе пет години, а наводно загубата достигнала неверојатни 4,5 милијарди американски долари. Напуштањето на главниот извор на загубата, производство на телефони, се очекува да го зајакне профитот и кривата повторно да се искачува особено што лани компанијата профитираше 2,85 милијарди долари.

URL

LG во светски рамки учестува со 2% од глобалниот пазар на смартфони, според неодамнешни статистички податоци на Counterpoint. Јужнокорејскиот производител во 2020 година произведе само 24 милиони телефони, додека глобалните лидери како Samsung и Apple произведоа околу 256 милиони, односно 201 милион. Се очекува овие два бренда да ја пополнат празнината што ќе се отвори со прекинот на LG.

Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Мобилни

Tи се игра „змија?“

Read more

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Read more

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Read more

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Read more
 

Гик

Марс исфрла плазма од својата атмосфера во вселената

Читај повеќе
  • play_arrow

Фрчат критики за новата реклама на Apple: Немате почит!

Читај повеќе

Научниците открија нова функција на малиот мозок

Читај повеќе
  • play_arrow

Нова теорија за тоа што ја предизвика имплозијата на подморницата Титан на пат до потонатиот Титаник

Читај повеќе

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Како хибридното дете на човек и неандерталец ја промени човечката историја?

Читај повеќе

Бизарен извештај на ЦИА од 1983 за менувањето димензии со умот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како се креира содржина во поновите верзии на Microsoft Word?

Читај повеќе

TikTok ја тужи Белата куќа: Си го кршат сопствениот устав, ќе замолкнат 170 милиони Американци

Читај повеќе