Кралската венчавка била само претстава за јавноста: Хари и Меган веќе биле во брак

Меган Маркл во гостувањето кај Опра изнесе низа шокантни тврдења за нејзиниот живот во британското кралско семејство. Многумина беа особено изненадени од признанието дека кралската венчавка што во мај, 2018 година ја гледаа милиони луѓе пред малите екрани, била само претстава за јавноста.

Меган и Хари, според нејзиното признание, се венчале три дена претходно.

„Венчавката беше како вонтелесно искуство, знаевме дека тоа не е нашиот ден, туку настан за светот“, изјави Меган.

Британските медиуми сега се прашуваат како е можно нивниот брак да е валиден бидејќи според строгите правила на Црквата, потребни се барем двајца сведоци на венчавката, а тие немале ниту еден.

Меган зборуваше за многу теми, обвини дека слободата ѝ била одземена. Додека била бремена со Арчи, имала самоубиствени мисли бидејќи била изолирана и осамена. Вели дека ѝ биле одземени пасошот, клучевите, возачката дозвола. Не можела да оди на ручек со пријатели, да се дружи и да живее. Вели дека ѝ било кажано дека нејзиното дете нема да биде принц или принцеза.

Зад неа не остана ни принцот Хари кој изнесе тврдења кои ја налутија британската јавност. Принцот, меѓу останатото, зборуваше и за неговиот однос со семејството.

„Татко ми престана да ми се јавува на телефон и рече за моите одлуки да го известувам по писмен пат“, изјави Хари додавајќи дека бил разочаран од принцот Чарлс.

„Јас бев заробен, заробен во системот на кралското семејство. Не знаев дека сум заробен додека не ја запознав Меган. И моето семејство е заробено, брат ми и татко ми, но тие не можат да си заминат“, изјави Хари.

За кралицата Елизабета Втора изјави дека премногу ја почитува и дека со неа разговарал неколку пати пред да ја открие пред јавноста одлуката дека ќе отстапат од должноста.

Парот откри дека имало коментари за бојата на кожата на бебето додека Меган била бремена со Арчи. Член од кралското семејство го прашал Хари колку би можела да биде темна кожата на нивното неродено дете.

„Нема да откријам кој беше тоа, премногу ќе им наштети“, изјави Меган.

Крис Чип, експерт за кралското семејство, утринава изјави дека тоа дефинитивно не се кралицата Елизабета ниту принцот Филип. И тој одби да открие за кого станува збор.

Утринава во емисијата Good Morning Britain претпоставија дека коментарот би можел да биде или од принцовите Вилијам и Чарлс, или од нивните сопруги. Но, никој со сигурност не може да каже.

Меган и Хари, исто така, се разочарани од фактот дека кралското семејство им го укина финансирањето и обезбедувањето откако ги напуштиле должностите.

Во меѓувреме, Меган е бремена со второ дете, Хари и сопругата ќе добијат девојче.

Remote video URL
реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе