Кратка приказна за кецал, светата птица на Маите и Ацтеките

Оваа птица можеби нема распон на крилјата како андиски кондор, ниту моќни канџи како орелот, но затоа поседува извонредна убавина поради која станала предмет на желба и инспирација за бројни митови и божества.

Птицата квецал многумина ја сметаат за една од најубавите на јужноамериканскиот континент. Поради тоа не нѐ чуди фактот што таа претставувала свето животно во речиси сите средноамериакански култури. Според верувањата, во неа се спојувале небото и земјата. Шпанскиот хроничар од XVI век, Бернандин де Сахагун, бил меѓу првите Европејци кои ја виделе оваа птица, па ја опишал со следниве зборови:

„Има многу богати перја во разни бои; остар, жолт клун и пердувест покривач на главата, сличен на чешелот кај петлите... Пердувите кои растат на опашката се нарекуваат куезали и се со многу зелена и блескава боја, додека целиот грб ѝ е исто така прекриен со доста сјајни и зелени пердуви“.

Дури и денес кога ќе се дигне маглата над густите прашумни на Средна Америка, можете да ја видите оваа птица како јаде диво авокадо или изведува добро извежбани движења со кои привлекува партнер. Денес претспоставуваме дека таа глетка ја гледале и древните народи. Маѓепсани од глетката, си помислиле дека се работи за божество - Кецалкоатл кај Ацтеките и Кукулкан кај Маите.

Нив вековите передувестата „змија“ го претставувала богот заштитник кој ја пролеал својата крв за да им даде живот на луѓето, плодно земјиште, оган и писмо. Овој добронамерен бог трпел разни искушенија за на крајот да исчезне на небото како утринска ѕвезда ветувајќи дека еден ден ќе се врати од исток.

Најценети пердуви

Уште од најраните времиња народите на Мезоамерика ја обожавале оваа чудесна прица со опашка која може да порасне и до 90 сантиметри. Од внејзините пердуви биле правени актрактивни украси за глава кои ги носеле припадниците на елитата: кралеви, свештеници и војници. Колку ја ценеле говори и податокот дека дури и зборот „кецал“ (quetzal) бил составен дел од името на некои владетели - кралот Кецал Јагуар I, додека нивниот лов без дозвола се казнувал и со смрт.

Меѓутоа, кога се обиделе да ги одгледуваат во заробеништво сфатиле дека тоа е речиси невозможно. Една хроника од XVI век опишувал таков неуспешен обид:

„Немозможно е да се одгледуваат, ниту во кавез ниту на било кој друг начин, иако тоа беше пробано - бидејќи не сакаат ниту да јадат ниту да се одморат“.

Затоа Ацтеките ги праќале своите најдобри ловци во тропските шуми на Гватемала, за да ги фаќаат. Меѓутоа, првичните обиди за качување на дрвјата и лов во високите крошни се покажале како страшно опасни, бидејќи ловците често паѓале и кршеле раце и нозе, а во некои случаи и загинувале. Поради тоа одлучиле да ги ловат со помош на стапици.

Денеска птицата кецал се смета за загрозен вид. Нејзиниот опстанок е доведен во прашање поради ловокрадство, илегална трговија и поради уништување на шумите кои таа ги населува. Доколку ситуацијата не се поправи, оваа птица ќе остане само како спомен во старите книги, но и на знамето и парите на Гватемала, која во 1871 година ја прогласи за национално животно.

Дури и валутата на Гватемала го носи името кецал.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе