Кривична за тетовка која подигала кредити со туѓа лична карта

Поднесена е кривична пријава против 32-годишна жена од Тетово поради злоупотреба на лични податоци.

Фото: Кајгана

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.А. (32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, како и против две подружници на финансиски друштва во Тетово, Г.А. (35) од Република Бугарија, раководител на едната подружница, Р. Г. (37) од Скопје, раководител на другата подружница и вработените во двете подружници, С.И. (34) од Тетово и М.А. (32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Првопријавената, во јануари 2022 година во близина на Клиничкиот центар во Тетово пронашла изгубена лична карта, која наместо да ја пријави во полициска станица, без согласност на сопственичката ги искористила личните податоци и во три наврати подигнала брз готовински кредит во двете подружници на финансиските друштва.

Двете правни лица и останатите четворица пријавени несовесно постапиле со пропуштање должен надзор и на тој начин овозможиле првопријавената да подигне брзи готовински кредити со користење личен документ од туѓо лице.

Тагови
реклама

Хроника

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Read more

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Read more

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе