ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2023

Кулибали откри три причини зошто ја избрал Саудиска Арабија

Секој ден сè повеќе светски ѕвезди одат во Саудиска Арабија, каде потпишуваат баснословни договори со локални клубови кои не штедат трошоци за да ги привлечат врвните имиња на светскиот фудбал.

Една од ѕвездите кои летово заминаа во Арабија е Сенегалецот Калиду Кулибали. Поранешниот стопер на Наполи и на Челси потпиша за Ал Хилал каде ќе заработува 20 милиони евра годишно.

Сенегалецот откри три клучни причини зошто ја напуштил Европа на 33 години.

„Пари. Се разбира, не можам да го негирам тоа. Ќе можам да му помогнам на целото мое семејство да живее добро, од родители до роднини. Исто така, работам на неколку проекти во Сенегал и ќе бидат потребни пари. Почнавме да градиме клиника во селото на моите родители. Во планот имам многу проекти за млади“, изјави Сенегалецот, додавајќи уште една причина.

„Вера. Јас сум муслиман и доаѓам во идеална земја за мене и моето семејство“, рече тој и ја наведе и третата причина:

„Не бев задоволен од ситуацијата во Челси. Не сакам да седам на клупа и да не правам ништо. Повеќе сакам да одам таму каде што навистина ме сакаат“.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе