Кунгуловски: Просекот за зараза по контакт со делта сој е 3,7 дена, а со изворниот беше 5,7

Доктор Горан Кунгуловски излезе со ново објаснување за заразноста на делта варијантата на коронавирусот и кои се начините за заштита за населението.

Фото: КАЈГАНА

Делта сојот на SARS-CoV-2 веќе доведува до нови бранови во Европа. Во Македонија, врвот најверојатно ќе го достигне на средина на септември, вели тој во објава на социјалните мрежи што понатаму ви ја пренесуваме во целост.

Делта сојот е позаразен:

  • Потребно е пократко време од контакт до PCR позитивен резултат при инфекција со делта сојот. Ако со изворниот сој просекот бил 5,7 денови, со делта сојот е 3,7 денови. И тоа со делта, околу 12,5% стануваат позитивни после 2 дена, 27% после 3 дена, 20% после 4 дена, 24% после 5 дена и останатите после 6 или 7 денови.
  • Кај заразени со делта сој се детектира просечно околу 1.000 пати повисока концентрација на вирус отколку со изворниот сој.

Што ова значи за периодов?

  • Бидејќи времето од контакт со PCR позитивитет е намалено и бидејќи концентрацијата на вирус е повисока, ќе треба АГРЕСИВНО следење на контакти и изолација на заразените и нивните контакти. Исто така одговорност и на населението коешто нема решенија, ама има сознанија за контакт со позитивен или за појава на симптоми.
  • Бидејќи концентрацијата на вирус е повисока, таа спаѓа во опсегот на детекција на рапид антигенските тестови. Значи 70-80% од PCR позитивните би се детектирале и на рапид антигенски. Ова ќе овозможи побрзо тестирање и скрининг на населението.

Што значи ова за вакцините?

Вакцините сѐ уште си ја вршат својата работа. Во зависност од вакцината, ризикот за зараза е 10-20 пати намален во споредба со невакциниран (непрележан). Значи луѓето сѐ уште може да се заразат, посебно тие што се во постојан контакт со заразен, ама веројатноста е драматично намалена. Вакцинираните покрај тоа што имаат помала веројатност да се заразат, доколку се заразат имаат помала шанса да заразат некој друг.

Вакцините сѐ уште си ја вршат својата работа. Во зависност од вакцината, ризикот за сериозни симптоми и смртен исход е десетици можеби и стотици пати намален во споредба со невакциниран (непрележан). Пример ако кај невакцинирано население би имало 20 смртни исходи, кај вакцинирано би имало 1. 

Неопходно е приоритетно вакцинирање на постарото население и населението со коморбидитите. Така ќе се намали бројката на сериозно болни и бројката на смртни исходи. Доказ за ова е Велика Британија каде што има нов силен бран (како есенскиот) но минимален број на хоспитализации и смртни исходи поради големиот процент на вакцинирано население, посебно постаро.

Со понатамошна вакцинација и евентуално трета доза, ќе може да се намали и ланецот на трансмисија. Така ќе се сузбие пандемијата.

Нема друг начин, само вакцини, редовно тестирање и одговорност, заокружува Кунгуловски.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе