Латвија ќе конфискува автомобили со руски регистарски таблички

Шефот на Министерството за внатрешни работи на Латвија најави дека полицајците нема да вршат целни рации, туку ќе одземаат автомобили со руски регистарски таблички кои се движат по патиштата во земјата, кога ќе видат такво возило на улица или ќе добијат дојава.

Во Латвија во четвртокот на 14.02.2024 стапи на сила забраната за патен сообраќај за автомобили регистрирани во Русија.

Латвискиот парламент наесен одлучи дека сопствениците на автомобили со руски регистарски таблички мора да го пререгистрираат своето возило до 14 февруари 2024 година или да го изнесат автомобилот од оваа балтичка земја.

Во случај на непочитување на овие прописи, возилото може да биде одземено, а возачот може да биде казнет и со парична казна од 750 до 2.000 евра. Само десетина сопственици ја испочитувале новата регулатива. Сите други возила кои во меѓувреме не се пререгистрирани ќе бидат одземени и предадени на Украина.

Министерот за внатрешни работи, Рихардс Козловскис, најави дека полицајците нема да вршат наменски рации за автомобили со руски регистарски таблички, туку ќе реагираат кога ќе видат такво возило на улица или ќе добијат пријава за тоа. Возилата регистрирани во Русија можат да учествуваат во патниот сообраќај во Латвија, но само за транзитни цели.

„Доколку возачите немаат доказ дека транзитираат во Латвија или ако останат подолго од 24 часа на нашите патишта, автомобилот ќе биде одземен“, нагласи министерот Козловскис.

Тој оцени дека присуството на овие возила на патиштата не претставува голема закана за безбедноста на Латвија, но забраната за целосно учество во сообраќајот е воведена како чист симбол на солидарност со Украина.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе