Лавров: Храната не поскапе поради војната, туку затоа што Западот складираше храна за време на пандемијата

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров при посетата на Африка зборуваше за глобалното поскапување на храната, за што ги обвини САД и Европската Унија.

Зборувајќи пред африканските дипломати во Адис Абеба, главниот град на Етиопија, Лавров кризата со храна ја нарече „таканаречена“. Тој ја даде изјавата по посетата на неколку африкански земји најпогодени од недостигот на храна.

Многу африкански земји се зависни од увоз на жито од Русија и Украина. Поради тоа, неколку африкански лидери ја посетија Москва пред неколку недели и изразија загриженост за недостигот на житарици.

Од почетокот на рускиот напад врз Украина, црноморските пристаништа на земјата се блокирани, што го оневозможи извозот на жито. Лавров минатата недела рече дека неодамна потпишаниот договор за ставање крај на блокадата за да се овозможи безбеден извоз на тони блокирана пченица од Украина „можеше да биде потпишан одамна, ако не беше западната тврдоглавост“.

Тој ги обвини САД и ЕУ дека се виновни за порастот на цените на храната поради „бесмислените“ зелени политики и трупањето резерви на храна за време на пандемијата на COVID-19.

– Ситуацијата во Украина негативно се одрази на пазарите на храна, но не поради руската специјална операција, туку поради неадекватната реакција на Западот, кој воведе санкции против Русија, рече шефот на руската дипломатија.

Западните земји постојано истакнуваат дека храната е изземена од сите санкции против Русија и ја обвинија Москва дека е виновна за глобалната прехранбена криза.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Читај повеќе

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе