Lego коцките ќе ги спасуваат коралните гребени на Сингапур

Сингапур е дом на една третина од коралните гребени во светот, што е огромна количина за една толку мала земја. Коралните гребени се важни бидејќи ги штитат светските брегови, а исто така се дом на илјадници риби и се витален дел од подводниот екосистем.

Сепак, проблемите со мелиорацијата на земјиштето и развојот на крајбрежјето доведоа до исцрпување на гребените во оваа азиска земја во текот на изминатите децении, а сега научниците од Националниот универзитет во Сингапур сакаат да го променат тоа на необичен начин - со употреба на Lego коцки.

Џани Танзил е дел од групата научници кои користат Lego коцки за да ги зачуваат гребените во Сингапур.

„Вкупниот број на видови корали во светот е околу 800, ние сме многу среќни што имаме речиси една третина од овие видови концентрирани на толку мала област околу јужните острови на Сингапур“, вели таа.

Веќе со децении како коралните гребени во Сингапур се намалуваат, а причината е мелиорацијата и загадувањето. Се верува дека ова е првиот обид да се користат Lego коцки за обнова на гребен, а процесот го прават научниците кои земаат лабави парчиња корали од гребенот и ги ставаат на коцките. Овие мали делови со текот на времето стануваат големи колонии.

Lego коцките се избрани затоа што се модуларни и може да се прилагодуваат на големината на коралите.

Методот „вертикално одгледување“ помага да се заштеди простор. Во Сингапур, поради недостаток на простор, мора да се живее во високи станбени блокови.

Засега се спроведуваат истражувачки експерименти, а научниците се надеваат дека еден ден ќе израснат доволно корали за да можат да ги „пресадат“ во водите околу Сингапур.

Remote video URL
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Вести

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе