Лекарите ќе работат и онлајн за да си ја заработат платата, најави Меџити

Министерот за здравство Фатмир Меџити зборуваше за проблемите во здравството. Тој рече дека има проблем да се закаже термин кај специјалист и проблем се дијагостичките процедури, па граѓаните се принудени да плаќаат во приватно здравство. Нагласи дека тој и неговиот тим работат на тоа да се надминеме овој проблем.

„Пред три недели ги пуштивме сите екипи, сите конторлори и инспекции се на терен. Имаме подобрување во тој контекст. Понатаму ќе излеземе со точни резултати колку е подобрувањето. Знаеме дека има проблем, јас од првиот ден велам дека треба целосна реорганизација на здравствениот систем во нашата држава. Треба систематизација на здравството, ние работиме напорно, презедовме мерки и ќе имаме точни резултати за неколку недели, дека имаме подобрување и ќе продолжиме да работиме“, рече Меџити.

Во врска со дијагностицирањето, рече дека работи заедно со својот тим, а дека проблемот е во систематизацијата и реорганизацијата.

„Во клиничкиот центар имаме доволно кадар, и здравствени работници и сестри, знаете дека ние прво треба да ја средиме примарната здравствена заштита, тука треба да направиме голем пресек, ова не се прави за ден два, ќе треба повеќе време, можеби и години, но ние треба да започнеме, работите да се движат композитивно, јас имам мој предлог визија, работиме на тоа да има и група формирана на дигитализација на радиологија низ цела држава т.е. централизација на радиологијата. Тоа значи дека ако во еден град ако има доктор што дневно чита еден ренген на една рака или нога, сега натаму нема да биде така, онлајн ќе бидат вклучени сите, ќе има ограничен број колку дневно да чита еден лекар за да си ја изработи платата, над тој број и дома нашите радиолози почитувани ако сакаат за повеќе финансиски примања ќе имаат можност да прочитаат со цел да не се чека толку долго“, објасни министерот Меџити.

реклама

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе