ФА КУП 2020/21

Лестер - Саутемптон и Челси - Сити за финале на ФА купот

Откако викендов се одигра четвртфиналните натпревари, познати се учесниците во полуфиналето од најстарото клупско натпреварување на светот кои ќе се борат за пласман во 140-тото финале.

Лестер синоќа го исфрли Манчестер Јунајтед уништувајќи уште една шанса тимот на Оле Гунар Солскјер да се бори за трофеј сезонава. „Лисиците“ беа убедливи и со 3:1 го заверија полуфиналното место.

Келечи Ихеаначо во 24. минута донесе водство, но 14 минути подцна „Црвените ѓаволи“ се вратија во игра со погодокот на Мејсон Гринвуд.

Седум минути по паузата Јури Тилеманс беше оставен да се прошета пред шестнаесетникот на гостите, па со прецизен удар донесе водство од 2:1, а во 78. минута Ихеаначо со својот втор гол го завери пласманот.

Remote video URL

Лестер досега никогаш го нема освоено ФА купот, а 4 пати губел во финалето во кое не играл од далечната 1969 година.

Челси очекувано славеше над Шефилд Јунајтед, тим кој е последен во Премиер лигата. Сепак, не беше лесно како што ес очекуваше. Во 24. минута требаше Оливер Норвуд да ја затресе сопствената мрежа за Челси да поведе, а конечните 2:0 ги постави Хаким Зијеш во судиското надополнување.

Remote video URL

Челси ќе го брка своето 15-то финале, а до финалето стигна и лани кога загуби од Арсенал и не го освои својот 9-ти трофеј.

Во саботата Манчестер Сити со 2:0 како гостин славеше кај Евертон на Карло Анчелоти. Победникот беше решен пред самиот крај. Прво Илкај Ѓундоан во 84. минута донесе водство кое го запечати Кевин Де Брујне во последната минута.

Remote video URL

„Граѓаните“ се борат за 12-тото финале, а последен пат таму беа во 2019 кога и го кренаа пехарот, вкупно шести.

Последниот полуфиналист е тимот на Саутемптон кој со 3:0 како гостин го исфрли Борнмут, единствениот преостанат второлигаш. Головите ги постигнаа Муса Џенепо и двапати Нејтан Редмонт за тимот на да се бори за своето петто финале каде последен пат беше во 2003 кога загуби. Саутемптон има еден ФА куп пехар, оној од 1976 година.

Remote video URL

Полуфиналните натпревари се закажани за 17 април, а се среќаваат:

Лестер - Саутемптон
Челси - Манчестер Сити

Финалето треба да се игра на 15 мај на „Вембли“ во Лондон. Бранителот Арсенал беше усфрлен уште во 4. коло.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе