Левандовски: Сакам уште да играм, но знам дека се ближи крајот

Полскиот репрезентативец Роберт Левандовски во август ќе наполни 35 години, но и покрај овој факт, напаѓачот на Барселона не размислува да стави крај на својата успешна кариера.

Во интервју за Canal+, голгетерот на шпанскиот шампион истакна дека се чувствува фантастично во Барселона, дека му се допаѓа животот во Шпанија и дека воопшто не сака да зборува за повлекување од фудбалот.

„Среќен сум што сум дел од Барселона. Ја ценам и почитувам секоја минута и секој ден што го добивам во толку голем клуб. Првиот пат кога стапнав на стадионот 'Ноу Камп' можев да се уверам дека Барса може да биде многу повеќе од фудбалски клуб. Тоа го чувствувам секој момент кога ќе го облечам нејзиниот дрес и затоа ми е чест што имам можност да играм пред толку посветени навивачи“, рече Левандовски, додавајќи:

„Свесен сум дека крајот на мојата кариера е близу, но во моментов се чувствувам одлично. Не сакам да размислувам за тоа, иако ми е јасно дека поради мојата возраст тоа треба наскоро да се случи. Сепак, јас сè уште сакам да играм, физички сум подготвен, но и знам дека има многу фактори што ќе влијаат на должината на мојата кариера“.

По сите тие убави зборови за Барселона, новинарите се интересираа дали искусниот Полјак кариерата ќе ја заврши во Шпанија, на што тој одговори:

„Не, тоа не го знам. Шпанија е прекрасна, луѓето се насмевнуваат многу повеќе овде отколку во Германија, а во моментов изгледа како да ќе го одиграм последниот професионален натпревар во Барселона. На крајот на краиштата, имам валиден договор и како додека е така, не размислувам за други можности“, рече Полјакот.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе