ЛГБТ знамето се развеа пред многу цркви во Австрија, се бунтуваат против Ватикан

Католичката црква во парохијата Хард е една од многуте во Австрија кои одлучија да го постават знамето на виножитото во знак на солидарност со ЛГБТ заедницата, откако Ватикан минатиот месец објави одлука дека Црквата не може да благословува истополови партнерства.

Моќната канцеларија на Ватикан одговорна за одбрана на црковната доктрина, Конгрегацијата за доктрина на верата (CDF) донесе одлука дека истополовата заедница не може да биде благословена и покрај нејзините „позитивни елементи“.

Канцеларијата напиша дека Бог „никогаш не престанува да ги благословува секое свое дете овој свет... сепак, тој не го благословува и не може да го благослови гревот“.

Ерих Балдауф, свештеник на парохијата Хард, вели дека тој и стотици други свештеници, кои припаѓаат на движењето Свештеничка иницијатива насочено кон реформите, решиле да го постават ЛГБТ знамето за да покажат дека „не се согласуваме со овој застарен став“, и многу други цркви го направија истото.

Набргу откако беше подигнато знамето на виножитото, некој се обиде да го уништи, а минатиот вторник Балдауф со жалење извести дека го нашол запалено.

„Бевме шокирани... нѐ доболи“, рече Балдауф.

Иако сторителот не е фатен и нема докажан мотив, Балдауф истакна дека другите знамиња што се вееле на истото место никогаш не биле допрени.

Неколку дена подоцна беше запалено друго ЛГБТ знаме пред црква, исто така во западната покраина Ворарлберг, а трето беше украдено.

Наспроти впечатокот што може да се добие од ваквите инциденти, истражувањата покажуваат дека австриското јавно мислење е цврсто на страната дека истополовите заедници треба да се третираат еднакво.

Во Австрија, истополовите бракови се легални од 2019 година, а истражувањето спроведено минатата недела покажува дека 64 проценти од Австријците се противат на неодамнешната одлука на Ватикан.

Само 13 проценти се изјасниле дека ја разбираат позицијата на Ватикан.

Австрија сè уште е претежно католичка земја, а Црквата опфаќа нешто помалку од 5 милиони верници во земјата со 8,8 милиони жители.

Сепак, ова покажува нагло опаѓање од деценијата по војната, кога скоро 90 проценти од Австријците припаѓаа на Црквата.

Експертите велат дека разликите помеѓу австриските социјални ставови и религиозните учења за прашања како хомосексуалноста и абортусот придонесуваат десетици илјади да ја напуштат Црквата секоја година.

Удира право во срце

За одлуката на Канцеларијата во Ватикан не се изјасни експлицитно само реформски ориентираната Свештеничка иницијатива. Архиепископот во Виена, кардинал Кристоф Шенборн, рече дека „не е задоволен“ од објавата на Ватикан.

„Пораката пренесена до медиумите ширум светот беше едноставно ‘не’ и всушност ‘не“ на благословот, што погодува многу луѓе право во срце“, објасни тој за католичкиот весник Der Sonntag.

Тони Фабер, свештеник во познатата виенска катедрала Св. Стефан, беше уште поотворен.

„Да ми беше работа да ѝ наштетам на Црквата што е можно повеќе, на две страници ќе го напишев точно истото писмо што го напиша Конгрегацијата за доктрина на верата“, рече тој за списанието Profil.

Фабер смета дека никој од хетеросексуалните парови кои стапуваат во брак „не се лишени од фактот што им давам благослов и на истополовите парови“.

Бискупите го критикуваа Ватикан

Додека некои истакнати германски бискупи го поддржуваа ставот на Ватикан, други го обвинија CDF дека се обидува да ги задуши теолошките дебати активни последниве години меѓу германските католици.

Германска петиција со која се бараше да се игнорира одлуката на CDF ја потпишаа 2.600 свештеници и ѓакони, како и 277 теолози.

Реакцијата во Германија и Австрија зборува за пошироките глобални раседни линии во општествените теми меѓу социјално конзервативните и либералните конгрегации.

Сепак, според језуитскиот свештеник и поранешен шеф на германскиот оддел на Ватиканското радио Бернд Хагенкорд, земјите од германско јазично подрачје исто така имаат „многу посебна теолошка традиција која работи многу независно“ и се помалку подложни на доминантната хиерархија на црквата.

Да се ​​вратиме на Хард. Парохиската црква реши да ги остави остатоците од запаленото знаме на истото место. „Има ефект на крст“, рече Балдауф.

За Велики петок, новото знаме на виножитото уште еднаш гордо се развеа пред црквата, во знак на добредојде на сите верници на Велигден.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе