Либија е во хаос и 10 години по Арапската пролет: Дали вредеше револуцијата?

Десет години откако востанието во Либија поддржано од НАТО го собори лидерот Моамер Гадафи, кој подоцна беше убиен, земјата и понатаму е окована во конфликти и хаос, а нејзиниот народ потона во сиромаштија и покрај големото богатство со нафта.

Мировниот процес спонзориран од ООН предизвика претпазливи надежи дека кревкиот прекин на огнот склучен во октомври може да донесе траен мир, но засега Либија е поделена на два ривалски табора, секој со своја милиција, платеници и странски поддржувачи.

Покрај тоа, анархијата ја претвори Либија во голем северноафрикански центар за криумчарење мигранти, од каде десетици илјади луѓе тргнаа на опасно патување кон Европа.

На ужасните извештаи за злоставување и тортура во мигрантски кампови управувани од милициите и откривањето масовни гробници на либиски цивили во песоците на последните борбени полиња може да им „конкурираат“ само ужасите на голем број давеници во Средоземното Море.

„Десет години по револуцијата, Либија е поразобличена држава отколку што беше под Гадафи“, рече Емадидин Бади, аналитичар на невладината организација Global Initiative од Женева.

Десет години подоцна, јасно е дека востанијата на таканаречената Арапска пролет донесоа масакр во Либија, а не посакуваната слобода и напредок, судбина што може да се спореди само со страдањата во Сирија и Јемен кои се разрушени од војни.

„Ситуацијата е катастрофална за обичните граѓани поради постојаните конфликти и поделби“, рече Мазен Хејралах (43), кој живее и работи во Зауја, западно од либискиот главен град Триполи.

„Корона-кризата само ги влоши работите“, вели вработен во либиска енергетска компанија чие семејство е погодено од огромната инфлација и други тешки последици од разурната економија.

„Со цените кои продолжуваат да растат, не можеме повеќе да живееме достоинствено.“

Една деценија во војна

Маџди, 36-годишен стоматолог, се присетува на „искрите“ на револуцијата што започна во Бенгази во источна Либија во февруари 2011 година, додека бранот демократски бунтови што почна во Тунис брзо го зафатија регионот.

Дури тогаш „сфатив дека несвесно живеевме во терор“, рече Маџди, кој не сакаше да биде објавено неговото презиме.

Либиското народно востание со воздушна поддршка на НАТО, предводено од САД, Велика Британија и Франција, заврши истата година со смртта на Гадафи. Тој беше фатен во дренажен тунел во Сирт и убиен на самото место.

Крајот на неговата 42-годишна диктатура беше почеток на хаосот што го дестабилизира поширокиот регион преплавувајќи го со оружје и борци. Либија, со своите седум милиони жители, со години останува под контрола на десетици милиции кои „лесно го повлекуваат чкрапалото“ и ја менуваат лојалноста по потреба.

Џихадистите исто така го искористија безбедносниот вакуум и организираните напади од нивното упориште во Сирт, убивајќи голем број странски туристи во Тунис во 2015 и 2016 година.

Салима Џунис, разведена 57-годишна жена, која работи со скратено работно време како секретарка во училиште во Триполи, вели дека изминатата деценија поминала „обидувајќи се да преживее ден за ден, буквално избегнувајќи куршуми“.

Малата куќа што ја изградила беше оштетена трипати во разни конфликти и бидејќи нема пари да ја обнови, на крај го продаде земјиштето и се пресели во стан.

Таа рече дека пред 2011 година „заработувала за пристоен живот работејќи повеќе од 20 години за странски нафтени компании кои сите ја напуштиле земјата и повеќе не се вратиле“.

Ривалски бази на моќ

Либија сега е поделена на два ривалски табора со седиште во две историски провинции, Триполитанија на запад и Киренајка на исток, центри на моќ уште пред создавањето на либиската држава во колонијалната ера.

Западот е управуван од Владата за национален договор (ГНА), основана во Триполи во 2016 година. Таа беше признаена од Обединетите Нации, а воено е поддржана од Турција и Катар.

Истокот на земјата е контролиран од администрација прогласена од избраниот парламент, која не е призната од ГНА, и ужива поддршка од воениот силен Калифа Хафтар. Поддржана е од ОАЕ, Египет и Русија.

Силите на Хафтар го држеа Триполи под опсада 14 месеци, но беа надвладеани и принудени да се повлечат на почетокот на минатата година кога Турција значително ја засили поддршката за ГНА.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден повика на итно повлекување на руските, турските и другите странски сили од Либија во согласност со договорот за примирје.

Сепак, останаа околу 20.000 платеници и странски борци, прекршувајќи го рокот за повлекување на 23 јануари.

Народот страда

И додека либискиот прекин на огнот создаде впечаток на нормалност, луѓето во Триполи сè уште немаат електрична енергија и гориво.

Сиромаштијата се продлабочи дополнително како резултат на влијанието на епидемијата на COVID-19 врз земјата со најголеми резерви на нафта во Африка, каде што сега се распаѓа јавниот здравствен систем.

Енергетскиот сектор учествува со околу 60 проценти во економското производство и некогаш обезбедуваше солидна социјална држава.

Но, војната предизвика долготрајни затворања и голем дел од нафтената инфраструктура беше оштетена или дотраена.

Минатата година вооружени групи лојални на Хафтар го блокираа производството и извозот од најважните либиски нафтени полиња и терминали, барајќи поправедна распределба на приходите, управувана од ГНА.

Хафтар се согласи да ја укине блокадата во септември, а до декември производството се искачи на 1,2 милиони барели на ден - десеткратно зголемување, но сепак под 1,5 милиони барели од времето на Гадафи.

„Либија гледа напредок, но се соочува со големи политички предизвици“, рече Џалал Харшави од Global Initiative.

„На строго техничко ниво, ако го погледнете бројот на убиени Либијци на дневна основа, значително е опаднат“, изјави тој за AFP.

Сепак, се прашува: „Дали е постигнат напредок на политичко ниво? Дали излеговме од неволја?“ и одговара „Дефинитивно не“.

„Може да се случат многу работи. Населението е крајно незадоволно... Елитите се прилично рамнодушни на страдањата на луѓето“.

Маџди вели дека и покрај сè, не жали за востанието.

„И покрај тоа што земјата сè уште е длабоко во војна, насилство и хаос по 10 години, не жалам што ја поддржав револуцијата. Беше потребно, сепак верувам во тоа“.

реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Свет

Зошто прашина од Сахара ја завеа Европа?

Read more

Зеленски до Американците: Побрзајте!

Read more

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Read more

Русите го попречуваат GSP сигналот, Финците паузираат дел од летовите за Естонија

Read more
 

Вести

  • filter

Зошто прашина од Сахара ја завеа Европа?

Читај повеќе

Мицкоски до Ахмети: Во политичка пензија ќе одиш како обичен криминалец

Читај повеќе

Левица ќе коалицира со влада која ќе ги прифати црвените линии во одбрана на македонската држава

Читај повеќе

Дел од Карпош без струја

Читај повеќе

Променливо време, од четврток дожд

Читај повеќе

Зеленски до Американците: Побрзајте!

Читај повеќе

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Читај повеќе

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Читај повеќе
  • play_arrow

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Читај повеќе