Лилјаците држат социјална дистанца од другите во колонијата кога се болни

Германско-американското трио биолози го докажа она што претходно беше претпоставувано во лабораториски експерименти, дека лилјаците до одреден степен одржуваат „социјална дистанца“ кога ќе се разболат.

Во експериментот споведен во дивината, научниците фатија 31 женка од видот лилјаци Desmodus rotundus (лилјаци-вампири), при што на едната половина им бил инјектиран раствор со липополисахарид, а на другата половина – контролната група – обичен солен раствор.

Научниот труд со откритието е објавен во списанието Behavioral Ecology во издание на Oxford University Press. За да го спроведат експериментот, Сајмон Рипергер, Себастијан Стокмаер и Џералд Картер во април 2018 година отпатувале сè до Белизе, до археолошкиот локалитет Ламанаи, каде што до пред крајот на 10. век се наоѓал градот на Маите.

Она што го барале го пронашле во шупливо стебло каде откриле голема колонија лилјаци токму од овој вид што им биле потребни. Цела ноќ ловеле лилјаци со мрежа, фатиле „околу стотина“, така што, откако веднаш ги ослободиле сите мажјаци и сите младенчиња, останале со 41 женка.

URL

Зошто од 41 женка биле земени само 34, не е наведено, но во извештајот стои дека буквално „фрлале паричка“ кои женки ќе го добијат растворот што кај лилјаците предизвикува имунолошка реакција. Потоа научниците на лилјаците од двете групи им ставиле сензори кои пренесувале сигнали секогаш кога ќе се најделе на растојание помало од 5 или 10 метри од друг сензор. На крајот сите биле ослободени и следени.

Три лилјаци успеале веднаш да се ослободат од сензорите, но кај 16 лажно болни и 15 здрави женки, сензорите останале доволно долго за да им дадат вредни податоци на научниците. Цели 48 часа, тројцата биолози едвај спиеле, следејќи ги податоците што ги добивале од сензорот до антената што дискретно ја поставиле покрај дрвото што им било дом на лилјаците, и сите информации заедно биле зачувувани во компјутер.

По деталното истражување за тоа колку пати и колку долго се дружела секоја од женките со другите лилјаци во колонијата, било пресметано дека сите здрави лилјаци од избраните 31, во првите шест часа од набљудувањето во просек се дружеле со по четири лилјаци со сензори повеќе, во споредба со „болните“ лилјаци.

URL

Научниците исто така пресметале дека секоја здрава женка во текот на тие шест часа имала просечно 49 проценти шанса да се дружи со одредени здрави единки, а „болните“ имале 35% шанси за дружење.

Понатаму, секоја „болна“ женка во перидот од тие шест часа, поминала дури 25 минути помалку време со нејзиниот партнер, во споредба со здравите женки од експериментот.

Тоа што научниците продолжиле со набљудување уште 42 часа по првите шест часа, кога женките опфатени во експериментот се однесувале „најмногу болно“, им укажало на разликата во однесување што се појавила и откако почнало да поминува дејството на липополисахаридот и по неговото целосно поминување по 12 часа. По тој период, немало статистички значајна разлика во дружењето.

„‘Болните’ лилјаци поретко беа во контакт со другите обележани единки“, наведуваат биолозите во заклучокот од студијата, во која интеракцијата на „болните“ лилјаци на едно место е наречена „социјално дистанцирање“.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе