Литературна вечер со Гордана Каракашевска во Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје

Оваа сабота, на 06.4.2024 година во просториите на Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје со почеток во 18 часот ќе се одржи литературна вечер на која ќе бидат промовирани три книги од авторката Гордана Каракашевска: книгата со раскази „Сињор Џордано и размислувањата за...“, стихозбирката „Скршен поет и други поеми“ и романот “Разголување“ објавени во 2021 година, кои поради Ковид-пандемијата сè досега не беа промовирани.

Значајно за сите 3 книги е тоа што се дел од Современа македонска книжевност-едиција: КНИЖЕВНИ МЕРИДИЈАНИ и истите се носители на награди на конкурси распишани од издавачката куќа ДАТА  ПЕСНОПОЈ - Битола. Стихозбирката „Скршен поет и други поеми“ (носи II награда ДУШАТА НА ЧАРШИЈАТА), новелата „Сињор Џордано и... (носи II награда ПЕЛИСТЕРСКИ РАКУВАЊА) и романот „Разголување“ (носи II награда ПЕЛИСТЕРСКИ РАКУВАЊА) издадени од Дата ПЕСНОПОЈ - Битола објавени 2021 година. Книгите се објавени под псевдоним на авторката – Ана Каракаш. Автор на кориците на сите три книги е г-дин Илија Мерковски, главен и одговорен уредник во издавачката куќа ДАТА ПЕСНОПОЈ – Битола која зад себе има децениска успешна работа. Во сите три дела темата е убавината, љубовта и пролетта.

Модератор на настанот и промотор на книгите: „Скршен поет и други поеми“, „Сињор Џордано и...“ и „Разголување“ од Гордана Каракашевска ќе  биде Елеонора Николовска.

Избор стихови ќе читаат Елизабета Клинчаревска Младеновска, Лепосава Поповска и Тодорка Филиповска.       

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Култура

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе