Луѓето премногу се врзуваат за роботите, тоа е лошо за бизнисот

Американските и јужнокорејските научници открија дека постои претерано силна врска помеѓу човечкиот вработен и роботот и дека тоа е лошо за бизнисот.

Ситуациите во кои луѓето како вработени развиваат силна емоционална врска со роботските „колеги“ може негативно да влијаат на севкупниот „квалитет на тимска работа и перформанси“ на компанијата, предупредуваат научниците од САД и Јужна Кореја.

Студијата на научниците од Универзитетот во Мичиген и Универзитетот Сунгкункван откри овој месец и откри дека случаите кога работникот е повеќе приврзан за робот често доведува до менталитет „ние против нив“, каде што парот човек-машина се натпреварува со останатите во тимот наместо позитивно да придонесе за „тимски односи и перформанси“.

На воведувањето роботи на работните места досега главно се гледаше позитивно, додека можните негативни последици во голема мера беа игнорирани.

Лајонел Роберт, вонреден професор на Информатичката школа при Универзитетот во Мичиген и Сангсеок Ти, доцент по менаџмент на информациски системи на Универзитетот Сунгкјункван, спроведоа серија експерименти за да утврдат како прекумерната поврзаност човек-робот влијае на севкупните перформанси на тимот.

Во еден експеримент, 88 вработени беа поделени во 44 тимови, секој составен од двајца луѓе и два робота. Тимовите добија задача да преместуваат шишиња од различни позиции во конкурентна средина. По завршувањето на експериментот, учесниците беа прашани како ги оценуваат нивните перформанси и поврзаност со човечки и роботски партнери. Откриено е дека кога луѓето развиле поголема врска со роботите, малите тимови од четири члена (два луѓе и две машини) главно биле дополнително поделени во подгрупи, што негативно влијаело на „квалитетот и перформансите“ на тимот.

Научниците изјавија дека постои начин да се спречи таков непожелен процес, а препораките се базирани на искуствата на 112 испитаници од различни индустрии каде што луѓето работат со роботи. Заклучокот е дека се потребни дополнителни напори за да се подобри комуникацијата меѓу луѓето или инаку би можеле да се поврзат со машини. Меѓу препораките се заеднички активности како што се екскурзии, спортски настани за вработените и слично или разни активности кои ќе го подобрат тимскиот дух.

Тагови
реклама

Чек дис аут

Зоо измама: Обоиле кучиња и ги претставиле како панди

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Кружен ток не е за секој

Read more

15 најмистериозни езера во светот

Read more
 

Магазин

  • filter

Зоо измама: Обоиле кучиња и ги претставиле како панди

Читај повеќе

Три начини да се опоравите од животот со токсични родители

Читај повеќе

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Читај повеќе

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Читај повеќе

Ѕвездите предвидуваат дека 2024 ќе биде година со многу разводи

Читај повеќе
  • play_arrow

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Терапевт истакна особина што ги открива токсичните татковци

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ролат со спанаќ и лосос

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Читај повеќе