Лукаревска: Ги отфрлам сите шпекулации дека ќе се укине проектот Мој ДДВ

Директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска, како шпекулација ги оценува тврдењата дека ќе се укине прекотот Мој ДДВ и посочи дека преку оваа мерка досега им се вратени повеќе од три милијарди денари на околу 350 илјади корисници.

-Сметам дека Мој ДДВ е еден од поуспешните проекти. Длабински го работевме и чекор по чекор го унапредувавме и ќе продолжиме да го унапредуваме. Заеднички ќе ги утврдиме сите проекции дали ќе има простор за зголемување на лимитот за поврат на средствата и навремено ќе ја информираме јавноста. Досега имаме околу 350 илјади корисници на мерката Мој ДДВ и од самиот старт до сега имаме вратено повеќе од три милијарди денари назад кај корисниците на мерката, така што ги отфрлам сите шпекулации дека ќе се укине оваа мерка, рече Лукаревска во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во УЈП заедно со министерот за  финансии Фатмир Бесими.

Потврди дека дел од вработените во УЈП се државни службеници, а сите останати се даночни службеници и додаде дека постепено ќе бидат трансферирани заради разликите во платата меѓу државните и даночните службеници.

-Повеќето наши колеги коишто работат во сметководствениот дел од работењето, финансиските прашања, Секторот за општи и заеднички работи којшто го имаме во рамки на нашата институција се државни службеници и секако дека постепено дел од нив ќе бидат трансферирани. Тоа е и моја заложба заедно со министерот за финансии. Секако дека прво треба да добиеме согласност од ресорното министерство па потоа да ги трансформираме затоа што има разлика во платата помеѓу државните и даночните службеници, рече Лукаревска и им се заблагодари на оние коишто и покрај тоа се вклучени во даночните процеси во рамки на УЈП.

Прашана до каде се разговорите за новиот состав на Владата, Лукаревска рече дека избегнува да ја злоупотребува говорницата на УЈП за политички прашања.

-Јавноста ќе биде информирана за се она што во наредниот период ќе значи доекипирање на владиниот кабинет. За тоа ќе се носи одлука на ниво на раководство на партијата, посочи Лукаревска и додаде дека и во иднина се гледа на местото каде што е и сега.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе