Лукашенко: Нема да го дадеме Казахстан според украинското сценарио

Казахстан не смее да им се предаде на надворешните сили според украинското сценарио, изјави денеска белорускиот претседател, Александар Лукашенко.

– Јасно е дека не смееме да го дадеме Казахстан, бидејќи тоа ќе биде подарок, како Украина за Америка, за НАТО. Затоа сакам да разберете зошто е донесена одлуката за испраќање мировници, рече Лукашенко, пренесен од руските медиуми.

DPA вечерва соопшти дека освен Русија мировници во Казахстан ќе распоредат и другите екс-советски членки од Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) – Белорусија, Таџикистан, Ерменија и Киргистан, во обидот да помогнат да се стави крај на неколкудневните смртоносни антивладини протести во оваа централноазиска поранешна советска република, каде што илјадници луѓе беа уапсени во поранешниот главен град Алмати.

Дел од руските елитни падобрански единици денеска веќе пристигнаа во мировната мисија, откако тоа го побара претседателот на Казахстан, соопшти Организацијата на Договорот за колективна безбедност, воена алијанса од поранешните советски републики, што е предводена од Русија.

DPA пренесе дека ерменскиот премиер Никол Пашинјан на Facebook напишал дека нивните војници треба да бидат распоредени во Казахстан во многу ограничен временски период „за да се стабилизира и нормализира ситуацијата во земјата“.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе