Луксузно архитектонско чудо на хоризонтот на Доха

Хотелите Fairmont и Raffles официјално беа отворени за јавноста во јануари 2023 година. Сепак, и двата хотела беа на располагање на претставниците на ФИФА за време на Светското првенство.

Новата зграда на хоризонтот во Доха се нарекува  Katara Towers и е споделена меѓу двата престижни хотелски бренда Fairmont и Raffles. Секој зафаќа половина од зградата од 300.000 квадратни метри, која е дизајнирана да личи на пар катарски вкрстени источни сабји, симитари.

Сместени на брегот на заливот, овие два хотела близнаци се луксузни секој на свој начин. Хотелот Raffles, чии апартмани се во левата половина од зградата, инспирацијата ја црпи од ликовната уметност. Во фоајето има бел клавир кој го опсипува калеидоскопска светлина што се протега до таванот до висина од 60 метри.

Хотелот располага со приватно кино, со удобни црвени кадифени седишта и закуски подготвени од готвачите на хотелот. Во барот Акустик на покривот на хотелот, гостите уживаат во жива музика покрај барот обложен со кристали кој наликува на чаша за виски.

Елегантни соби

Најлуксузниот апартман соодветно е наречен Raffles апартман и се протега на два ката. Има сопствен базен, внатрешен лифт, фризерски салон, па дури и амам. Чувството на живост започнува веднаш штом ќе влезете во Fairmont, вториот дел од зградата.

Квадрати од 18-каратно злато даваат текстура на ѕидовите, а најголемиот лустер на светот, висок 56 метри, фрла светлина од бисерно злато. Дизајнерскиот концепт на Fairmont својата инспирација ја црпи од луксузната култура на јахтите. Собите се елегантни и топли во нијанси на бело и сино, со источните страни свртени кон заливот.

На периферијата на градот

Хотелите Fairmont и Raffles беа официјално отворени за јавноста во јануари 2023 година. Сепак, двата хотела им беа достапни на претставниците на ФИФА за време на Светското првенство и се шпекулира дека биле домаќини на членови на катарското кралско семејство.

Вкрстените сабји се најистакнатата карактеристика на грбот на Катар. Овој симбол може да се најде насекаде, од шолји за кафе до накит. Но, ова е првпат да има и зграда во форма на вкрстени сабји.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Архитектура

Тоне еден од најголемите градови во светот

Read more

Со бетон што апсорбира CO₂ изградена куќа во Јапонија

Read more

По 144 години, Саграда Фамилија конечно ќе биде завршена

Read more

Топ 20 мегапроекти што треба да бидат готови во 2024 година

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе