Се прават без тесто, се печат само 15 минути - никогаш побрзо до вкусни мафини.
Постојат безброј рецепти за мафини. Можат да бидат благи, но и солени, со зеленчук или месо, со сирење или кашкавал... Воглавно се прават брзо и лесно, а сега можете да ги направите уште побрзо. Нема да ви треба тесто, а се печат само 15 минути.
Потребни состојки:
- 200 гр спанаќ
- 9 јајца
- 150 гр шампињони
- 100 мл млеко
- сол
- бибер
- 100 гр кашкавал
Подготовка:
Јајцата ставете ги во чинија и изматете ги. Додадете пржени печурки, варен спанаќ, рендан кашкавал, млеко, сол, бибер и добро измешајте. Подмачкајте го калапот за мафини и секоја дупка наполнете ја со подготвената смеса. На секој мафин ставете по некоја печурка. Печете 15 минути на 180°C.